Не пропуштајте!

Избор на најновите совети и информации за безбрижно секојдневие.

Сѐ ќе биде во ред  | Triglav.mk

Кои влезни врати се најбезбедни?

Која влезна врата да ја одберете?

На пазарот има голем избор на различни видови влезни врати, кои што се разликуваат по цена, како и по тоа колку се безбедни. Накратко ги претставуваме главните карактеристики на различни врати:

ПВЦ вратите имаат одлични својства на топлинска изолација. Отпорни се на временски услови, влага и мувла, па затоа се многу лесни за одржување.

Алуминиумските врати се издржливи и нудат добра изолација и поголема сигурност од ПВЦ вратите. Важат за врати со долг век на траење.

Дрвените врати имаат релативно добри изолациски својства. Меѓутоа, бидејќи се направени од природни материјали, одржувањето е покомплексно, бидејќи на нив повеќе влијаат временските услови. За да бидат секогаш чисти и свежи, по неколку години потребно е лакирање.

Вратите наменети за заштита од кражба се посебен вид челични врати, и за нив повеќе информации можете да прочитате подолу.

Вратите наменети за заштита од кражба се најчестиот избор

Забележан е тренд дека во станбените блокови луѓето генерално сакаат врати, кои што штитат од кражби, со максимална заштита и висока звучна изолација, што го спречува пропуштањето на звуците.

Треба да знаете дека овие врати можат да бидат со различен квалитет и добро е да проверите од какви материјали е направена нивната внатрешност.

Обрнете посебно внимание на пресекот на вратата, кој ви кажува што се крие внатре и колку добро вратата ќе ве заштити од можни упади.

Карактеристики на висококвалитетни врати против кражба:

Вратите со висок квалитет, кои што нудат максимална заштита, имаат метална плоча во центарот на вратата.

Металната рамка треба да биде што е можно подебела или да ги пополни сите рабови, исто така треба да се протега по целата висина на вратата од двете страни на централната плоча. Рамката на вратата мора да биде зајакната со метал. Засилената рамка не се витка со текот на времето. Затоа вашата врата ќе остане таква каква што е долго време и ќе ја служи својата цел. Безбедносните врати се направени од неколку слоеви висококвалитетни материјали како што се двојна челична рамка, дрвена облога.

Таквата врата ќе обезбеди максимална заштита од бучава, а притоа ќе го направи овој тип на врата многу побезбеден од провална кражба, споредено со врата, која што има само метални решетки. Добрата врата има челичен штит, што спречува оштетување на бравата. Ова ја прави бравата отпорна на провала.

Влезната врата во вашиот дом

Моменталниот тренд на станбени врати е главно поставување на ПВЦ, алуминиумски или дрвени врати. Помодерните стилови на градба овозможуваат користење на ПВЦ или алуминиумски врати, додека дрвените конструкции бараат дрвени врати.

При изборот на врати за вашиот дом, важно е да бидете во тек со трендовите. Имајте предвид дали влезната врата е заштитена со стреа или директно изложена на временските услови.

Соодветно на тоа, со помош на добавувачот, изберете ја соодветната врата. На овој начин ќе го избегнете и најчестиот проблем на сите влезни врати – материјалите не се отпорни на временските услови, што може да доведе до виткање на вратата итн.

Влезните врати на куќите и становите можат да бидат високо квалитетни, но нема да послужат на целта доколку се погрешно поставени. Вратата што не е правилно инсталирана нема да се затвори правилно.

Како правилно да ја одржувате вратата?

Кога веќе сте вложиле толку многу труд во изборот на вратата и нејзината безбедност, како и проверката дали е правилно поставена, потребно е правилно да ја одржувате влезната врата. Одржувањето на вратата зависи од изборот на материјалот, затоа следете ги советите на производителот.

Пред сè, со вратата се ракува внимателно: нежно отворање, затворање и вообичаена употреба на бравата. Сите врати можат да се исчистат со мека, малку влажна крпа, за да се осигури дека секогаш изгледаат како нови. Ако забележите дека вратата повеќе не се затвора правилно, повикајте експерт, кој ќе може да ви помогне.

Сите Мој дом пакети за осигурување на дом, ги покриваат трошоците за асистенција. Професионални занаетчии ви стојат на располагање 24/7. Доколку сте корисник на пакетот Comfort не треба да се грижите за чистење на домот по поправките, а со пакетите Smart и Comfort, доколку е потребно, обезбедено ви е привремено сместување до санирање на штетата.

Не заборавајте на бравите

Обрнете внимание на бравите на влезната врата. Добрата влезна врата ќе ја заврши работата ако е опремена со квалитетни брави, безбедносна спојка и штитник за прекин.

Квалитетните брави, покрај тоа што се изработени од добро одбран материјал, се карактеризираат и по тоа што имаат безбедносна розета и лична картица за дополнителна сигурност при изработката на клучевите.

Дури и добрата брава нема да помогне ако не ја заклучите влезната врата. Заклучувањето на вашата врата е од клучно значење за вашата безбедност, бидејќи тоа ќе ги одврати натрапниците или барем ќе им ја отежне работата. Заклучувањето на вашиот дом е исто така важно ако сакате да побарате оштета поради кражба.

Ќе можете да барате покритие за кражба за штетата предизвикана ако сторителот:

  • провали во заклучена просторија, оштетувајќи ја влезната врата, бравата, делови од зградата или подвижен имот,
  • како и ако се обидел да упадне во заклучена просторија, при што ја оштетил влезната врата, бравата, делови од објектот.

Накратко, осигурувањето нема да ја покрие штетата ако провалник влегол преку незаклучена врата.

Провалната кражба и разбојништво се покриени во сите пакети за осигурување на домови.

Извор: Vse bo v redu.

TEST BANNER

Ne propustite!

Izbor najnovijih priča i saveta za bezbrižnu svakodnevicu.

Prijava na newsletter

Следете нѐ на