Совесното изложување на сончевите зраци има повеќекратни позитивни ефекти. Кожата, при изложување на сонце, се чисти, а добиваме и потопла, поприродна и поздрава боја. Кожата изгледа посвежо, а ние се чувствуваме посреќни и поздрави, бидејќи под влијание на сонцето во нашето тело се ослободува хормонот на среќа. Меѓутоа, мора да внимаваме да останеме безбедни на сонце.
Затоа, ви подготвивме неколку совети:
- Избегнувајте сончање кога сонцето е најсилно, помеѓу 14:00 и 17:00 часот. Додека сте изложени на сонце, неопходно е да користите крема за сончање со заштитен фактор од најмалку 20;
- Користете облека од заштитни материјали, кои не ви пречат при пливање и други спортски активности;
- Носете облека во посветли бои;
- Не заборавајте да ги заштитите главата, лицето и очите. Затоа, не заборавајте да земете на плажа очила за сонце, капа и крема за сончање;
- Бидејќи УВ зраците се рефлектираат од вода, камења и песок, ви препорачуваме да бидете во сенка;
- Важно е да пиете многу течности, особено вода, за да спречите дехидратација. Избегнувајте слатки, газирани и алкохолни пијалоци.
Извор: Vse bo v redu.