Не пропуштајте!

Избор на најновите совети и информации за безбрижно секојдневие.

Сѐ ќе биде во ред  | Triglav.mk

Ви ги откриваме најубавите дестинации на земјите од Групација Триглав: три предлози за посета на Словенија

Кои места за посета ги препорачуваат нашите колеги?

Кога побаравме од колегите од Групација Триглав да подготват три предлози за посета на нивната земја, не знаевме колку тешка задача е тоа. Сега, кога треба да избереме само три меѓу многуте знаменитости на прекрасната Словенија, речиси и да не можеме да се одлучиме.

Иако е мала земја, има голем број убави места и сигурно нема да ви биде досадно доколку се обидете да ги посетите сите. На многумина им се познати бајковитиот Блед, мистериозната Постојна јама, смарагдната Соча и змејовите во Љубљана, затоа решивме да предложиме уште едно катче на Словенија, кое што заслужува да се посети.

Велика планина

Велика планина е висорамнина на Камничко-савинските Алпи. Ги опфаќа Велика, Мала и Гојшка планина и Довја и Велика раван. Тука се наоѓа едно од најдобро зачуваните пастирски села во Словенија.

Традицијата на пасење и одгледување сирење, тука сè уште е актуелна. Овчарските колиби се препознатливи по нивната типична архитектура – високите покриви на колибите се покриени со карактеристични ќерамиди од смрека.

Најдобро време за посета е секако од јуни до септември, кога овчарите го носат својот добиток на пасење. За време на вашата посета, можете да се освежите со вистински овчарски ручек – кисело млеко и ракија или да пробате домашно сирење и други млечни производи.

Сечовељски солани

Станува збор за најголемите словенечки солани, кои зафаќаат повеќе од 650 хектари, на устието на реката Драгоња кај Сечовље. Од 1989 година тие се заштитени како парк на природата и споменик на културата, поради нивните архитектонско-историски карактеристики и исклучителната растителна и животинска разновидност.

Овде се дозволени само оние активности, кои што не ја загрозуваат природната рамнотежа, како што се собирање сол и одгледување на морски организми. Велат дека за посетителите, најатрактивниот напуштен дел од соланата Фонтаниге е местото каде што може да се видат уникатни сцени во Словенија – многу птици, огромни полиња со сол и повеќе од 100 напуштени и уништени згради, кои на Сечовељските солани им даваат посебен печат.

Љутомерско-Ормошка Горица

Ова е регион со стотина вински ридови и центар на словенечката винска традиција, каде виновата лоза се одгледувала дури и од Римјаните. Глинестата почва, со мешавина од песок и глина, која што е доволно влажна и воздушна е идеална за оваа намена.

Љутомерско-Ормошка Горица не е позната само по своите вина, туку и по прекрасниот пејсаж, кој што многумина го сметаат за еден од најубавите во светот. Велосипедистите овде лесно можат да најдат прекрасни патеки меѓу лозјата на помалку прометни патишта и да уживаат во прекрасната глетка.

Најубавите места за екскурзија на лозарските ридови се Ерусалем, Светиње и Литмерк, кои што се наоѓаат покрај познатата винска рута, како и Церовец и Лахоншчак.

Обезбедете соодветно осигурување пред да патувате и препуштете се на шармот на Словенија.

Фото: Андреј Тополовец, СТО

Извор: Vse bo v redu

TEST BANNER

Ne propustite!

Izbor najnovijih priča i saveta za bezbrižnu svakodnevicu.

Prijava na newsletter

Следете нѐ на