Не пропуштајте!

Избор на најновите совети и информации за безбрижно секојдневие.

Сѐ ќе биде во ред  | Triglav.mk

Да се намали брзината или да се запре?

Црвеното светло на семафор е јасен знак за сите учесници во сообраќајот. Меѓутоа, кога семафорите не функционираат и кога полицаец ќе застане на раскрсницата, брзо се појавуваат нејаснотии. Погледнете што покажаа резултатите од истражувањето за да видите колку добро возачите ги познаваат знаците на полициските службеници.

Покрај полисата за осигурување од автомобилска одговорност, ви препорачуваме да склучите осигурување од автомобилска незгода, како и сеопфатно осигурување за вашето возило.

Полициските знаци се збунувачки за некои возачи

Во јули 2017 година, во Словенија беше спроведено истражување со кое се тестираше знаењето на возачите за знаците со кои што сигнализираат полицајците. Резултатите од тестот, на кој досега учествуваа повеќе од 10.000 луѓе, покажаa дека возачите претежно ги разбираат знаците.

Но, истовремено, резултатите од тестот исто така укажаа на потешкотии кај некои испитаници. Ова го потврдуваат и полицајците, кои забележуваат дека возачите често се збунети кога сообраќајот го регулира полицаец.

„На последната обука на полициските службеници за регулирање на сообраќајот на раскрсницата имаше многу случаи кога возачите влегуваа на раскрсницата во моменти кога полицаецот им е свртен со грб и со тоа правецот на нивното возење беше затворен“, велат од полицијата.

А вие? Дали разбирате што сигнализира полицаецот?

Полицајците даваат сигнали со положбата на рацете и телото, уредите инсталирани во полициските возила и други светлосни и звучни сигнали.

Полицаецот ви вели да запрете

Знаете ли што ти кажува полицаецот во овој случај?

Треба да застанете, да ја намалите или зголемите брзината? Дури 87% од испитаниците на тестот одговориле точно дека мора да го запрат возилото.

Доколку овој знак го покаже сообраќаен полицаец на полициска раскрсница, тоа значи забрана за возење за сите возила. Исклучок се оние возила кои се толку блиску до раскрсницата во моментот кога полицаецот крева рака што не можат безбедно да застанат.

Полицаецот ве известува дека треба да ја намалите брзината

Што значи ако полицаецот полека мавта со хоризонтално испружената рака нагоре и надолу со отворена дланка свртена надолу?

За време на тестот, дури 86% од испитаниците знаеле дека им било кажано да успорат.

Речиси половина од одговорите се погрешни

Полицаецот забележува дека сте на раскрсница. Сакате да продолжите право. Смеете ли да продолжите? Или треба да свртите десно, можеби лево? Ова е прашање на кое 47% од испитаниците одговориле погрешно. Мислеле дека полицаецот им кажува да свртат десно. Точниот одговор е дека морате да застанете.

Хоризонтално испружена десна рака со отворена дланка значи дека учесниците во сообраќајот, чие движење ја пресекува насоката во која е испружена раката, мора да застанат и да чекаат.

Полицаецот употребува свирка

Како одговориле испитаниците на прашањето што да прават кога полицаецот неколку пати по ред ќе свирка и покажува на возило? Речиси 70% од испитаниците го избрале точниот одговор – дека некој од учесниците во сообраќајот прекршил сообраќајно правило.

Полицаецот кој го дава овој знак мора да покаже кому му се обраќа во сообраќајот и што мора да прави тој возач.

Полицаец или семафор?

Полициските службеници најчесто го регулираат сообраќајот на раскрсниците за време на шпицот, особено кога има метеж и возилата кои што вообичаено влегуваат во крстосницата на зелено светло не можат навреме да излезат од крстосницата. Како резултат на тоа, дури и оние возачи кои доаѓаат од други правци не можат да поминат низ крстосницата и се јавува метеж во сообраќајот.

Во такви случаи, полицијата не ги исклучува семафорите, туку само им помага на семафорите со запирање возила кои имаат зелено светло но нема да се во можност да ја поминат крстосницата на време.

Учесниците затоа беа прашани што треба да се направи ако на раскрсницата има семафор, но има и полицаец. Мнозинството од испитаниците, добри 95%, точно одговориле дека мора да постапуваат според знаците на полицаецот, дури и ако отстапуваат од сообраќајните правила и важноста на сообраќајната сигнализација.

Извор: Vse bo v redu.

TEST BANNER

Ne propustite!

Izbor najnovijih priča i saveta za bezbrižnu svakodnevicu.

Prijava na newsletter

Следете нѐ на