Не пропуштајте!

Избор на најновите совети и информации за безбрижно секојдневие.

Сѐ ќе биде во ред  | Triglav.mk

Осигурување на живот: повеќе информации, помалку дилеми

Сите одговори за осигурувањето на живот на едно место.

Колку долго ќе живеам? Дали ќе бидам здрав? Што со мојата финансиска состојба? Што ќе се случи со моите деца и партнерот? Никој не може да ни ја предвиди иднината, но можеме да се подготвиме за неа така што ќе склучиме осигурување на живот.

Склучувањето на договор за осигурување на живот е несекојдневен настан. Бидејќи склучувате долгорочен договор, чии позитивни ефекти ќе станат видливи дури во иднина, потребно е време да размислите и да добиете што повеќе информации.

Осигурувањето на живот може на корисниците да им обезбеди дополнителна финансиска сигурност и дополнителни исплати во вистинско време, но тие секако мора да знаат во моментот на склучување на осигурувањето кое осигурување ги исполнува нивните потреби или очекувања.

Животно осигурување: од склучување до плаќање

Вашите животни ситуации можат да се променат со текот на времето, па корисно е да се советувате за можностите за редизајнирање на осигурувањето или да добиете одговор што ќе се случи доколку го откажете осигурувањето.

Осигурувањето на живот е „трчање на долги патеки“ и дополнителни информации секако ќе Ви бидат корисни. Мислењето на експертите е дека покрај осигурувањето на автомобили и недвижности, од година во година расте свеста и за осигурувањето на живот поради непредвидливи настани. Исто така се зголемува важноста за склучување на осигурување на живот, како би заштедиле за дополнителна пензија.

Осигурувањето нè поттикнува да заштедиме за дополнителна пензија имајќи ги предвид измените во областа на пензиското законодавство, со кое што се пропишуваат поостри услови за пензионирање. Со оглед на демографските промени (зголемување на животниот век, стареење на населението, раст на бројот на пензионери, односот помеѓу работоспособното и пензионираното население), во иднина може да очекуваме нови пензиски реформи, кои што дополнително ќе ги заострат условите за пензионирање.
Тоа се факти, кои што не можеме да ги занемариме и кои буквално нѐ принудуваат на штедење-дури и во контекст на осигурување на живот. Сè повеќе стануваме свесни за тоа, и тоа е добро.

Имајќи го сето ова предвид, вашето осигурување на живот е ваша рационална одлука.

Извор: Vse bo v redu.

TEST BANNER

Ne propustite!

Izbor najnovijih priča i saveta za bezbrižnu svakodnevicu.

Prijava na newsletter

Следете нѐ на