Како да се организира багажот за безбедно патување?
Семејство кое патува со автомобил на одмор, се соочува со предизвикот да го смести својот багаж во багажникот. Еден од проблемите, речиси секогаш, е големата количина на работи, што треба да ги понесете, особено ако имате големо семејство и мали деца. Проверете, како правилно да го наместите багажот, за да не бидете изложени на опасни ситуации додека возите.
Поголеми и потешки работи на дното, полесни работи кон врвот
Димензиите на автомобилите се зголемуваат од генерација на генерација, а се зголемува и багажниот простор. Доколку не се направи внимателно редење на багажот и не се почитуваат основните правила, може да се загрози безбедноста на патниците, а сѐ е многу едноставно. Најголемите и најтешките парчиња одат на дното, а помалите и полесни предмети до врвот. Доколку во автомобилот има дополнителни делови за прицврстување на багажот, како мрежи, куки или прегради, користете ги.
Доколку имате премногу работи и треба да ја извадите заштитната преграда, обидете се да не ја надминувате дозволената висина и задолжително одвојте го делот за патници од делот каде што е багажот со мрежа. При ненадејно сопирање или судир, дури и лесните предмети можат да станат опасност и да ја загрозат безбедноста на патниците. На пример, пакување од шест големи шишиња вода за време на незгода лесно може да достигне тежина од над 700 кг.

Преоптоварено возило се движи поинаку
Не заборавајте дека претоварен багаж прави механичко оптоварување на возилото. Надминувањето на границата на оптоварување може да направи значителна разлика за време на судар, бидејќи растојанието за сопирање е значително подолго.
Обрнете внимание на аспектот на енергетската ефикасност. Ако условите дозволуваат, чувајте го целиот багаж во багажникот.
Возењето на натоварен автомобил мора да биде мирно и без нагли потези, бидејќи се нарушени динамичките способности и возни карактеристики на автомобилот. Затоа избегнувајте качување по тротоар и лоши патишта.
Купувате нов автомобил? Размислете за носивоста на покривот и потенцијалот на багажникот
Ако сте активно семејство, кое многу патува, земете го предвид вашиот начин на живот и потенцијалот за организација на багажникот кога купувате нов автомобил. Размислете за транспорт на долги предмети – некои автомобили, особено мини комбиња, кросовери и некои каравани, нудат совозачко седиште со преклопување. Но, бидете внимателни, во овој случај багажот мора да биде правилно спакуван, обезбеден и фиксиран!
Размислете за капацитетот на влечење на багажникот, носивоста на покривот и носивоста на самото возило. Куки, мрежи, дополнителен простор за складирање, осветлување, гумени патосници може значително да ја подобрат корисноста на багажникот.
Можете да го осигурите багажот во или на возилото
Доколку често превезувате предмети од поголема вредност со автомобил, размислете за дополнително осигурување на багажот, со каско осигурување на Триглав, можете да склучите и дополнително осигурување на багажот.
Извор: Vse bo v redu.





