Погрешната одлука може да има силно влијание врз вашата животна и финансиска состојба.
Купувањето имот е голем чекор, па затоа треба да биде внимателен процес. Грешките кои што можеме да ги направиме можат да имаат големо влијание врз нашите животи и нашата финансиска состојба. Затоа треба да одвоиме доволно време за да одлучиме и да го погледнеме имотот од сите агли пред да го купиме. Само тогаш се смета дека е мудро да се одлучи за купување.
При купување на имот, внимателно обрнете внимание на следните фактори:
- Изберете ја локацијата на која што би сакале да живеете
Размислете за сите можни локации кои што се најпогодни за вашиот животен стил. Не само што цената на имотот зависи од локацијата, туку и трошоците за живот и вашето задоволство од локацијата се исто така взаемно поврзани.
- Истражете ги понудите
Погледнете ја понудата на недвижен имот во околината која ви одговара.
- Согледајте ги квалитетот и недостатоците на зградата во целина, како и добрите и лошите страни на самиот стан
Кога купувате стар или нов стан, внимателно разгледајте ја зградата и внатрешноста на станот.
Обрнете особено внимание на:
- Градежните материјали
- Внимателно погледнете го таванот и проверете дали има знаци на влага или мувла.
- Греење. Определете каков тип на греење има во станбената единица и колкави се трошоците за греење.
Се препорачува да ангажирате експерт за градежништво и да добиете професионално мислење. Покрај надворешниот изглед на зградата, за избор на стан многу е важен и распоредот на собите и локацијата на станот во зградата.

- Кога купувате стан во нова зграда, задолжително проверете го инвеститорот
Во деловните регистри проверете ја деловната способност на инвеститорот од кого ќе го купите станот. Од инвеститорот, побарајте гаранции за видливи и скриени дефекти на станот и зградата во која се наоѓа станот.
- Проверете го правниот статус на имотот
Видете го извадокот од земјишните регистри. Ако имате какви било прашања, ве молиме консултирајте се со правно лице.
- Размислете за желбите и очекувањата на другите членови на семејството
При изборот на стан, можно е свесно или несвесно да се потчини станот на сопствените желби. За да ги исполните очекувањата на семејството, земете ги предвид желбите на останатите членови на семејството кои ќе живеат во станот.
- Посетете го станот неколку пати во различни периоди од денот
Ова ќе ви овозможи да ја видите светлината, нивото на бучава (однадвор и од соседите). Посебно прошетката во вечерните часови ќе ви даде увид за безбедноста на околината.
- Одвојте доволно време и не брзајте да купите стан
На пазарот често се тргува со недвижности и можеби за некој ден ќе има подобар стан кој многу повеќе ви се допаѓа. Цените можат да бидат и попристапни. Меѓутоа, кога ќе дојде вистинскиот стан, не одложувајте. Иако купувањето недвижен имот носи одредени обврски и финансиски оптоварувања, чувството да живеете во сопствен стан или куќа е бесценето.
Домот е вашето засолниште на мирот. Тоа е место за создавање и зачувување на најубавите спомени. Исполнет е со моменти кои што имаат посебна вредност. Триглав Осигурување ви нуди пакети кои што го осигуруваат вашиот имот од најчестите ризици. За повеќе информации, посетете ја нашате веб страна на следниот линк.

Извор: Vse bo v redu.