Не пропуштајте!

Избор на најновите совети и информации за безбрижно секојдневие.

Сѐ ќе биде во ред  | Triglav.mk

Како да изберете добри прозорци

Важно е за вашиот дом да изберете квалитетни прозорци. Тие се поиздржливи и побезбедни, овозможуваат подобра топлинска и звучна изолација и го прават домот попријатен за живеење.

Ако веќе биравте столарија за вашиот дом, тогаш знаете дека одговорот на прашањето „како да се изберат добри прозорци“ не е едноставен. Понудата е разновидна, а цените често, значително се разликуваат.

Сепак, не ги избирајте прозорците само според нивниот изглед или ниската цена. Истражете и споредете ги нивните карактеристики – материјалот од кој се изработени, изолацијата, дихтувањето, квалитетот на изработка, безбедноста итн.

ПВЦ, дрвени, алуминиумски или комбинирани прозорци?

При избор на материјал за прозорци, денес изборот е поголем отколку пред неколку години, но разликите понекогаш не се толку очигледни.

Ајде да ги погледнеме предностите и недостатоците на различните материјали:

ПВЦ прозорци

Предности:

  • Долготрајни
  • Лесни за одржување
  • Достапни во различни бои
  • Обично поевтини

Недостатоци:
– Осетливи на УВ зраци и изложеност на сонце
– Направени од вештачки материјал
– Помалку естетски од дрвените и алуминиумските прозорци

Дрвени прозорци

Предности:

  • Природен материјал со топол изглед
  • Одлична топлотна и звучна изолација
  • „Дишат“ и обезбедуваат здрава влажност во просторијата

Недостатоци (особено кај поевтини модели):
– Потешки за одржување (воскирање, лакирање, премачкување)
– Може побрзо да изгубат квалитет
– Потешки, па се помалку практични за големи површини

Алуминиумски прозорци

Предности:

  • Долготрајни
  • Одлично дихтуваат
  • Речиси не бараат одржување
  • Идеални за големи стаклени површини

Недостатоци:
– Потребна е добра термоизолација
– Најчесто најскапи

Во секој случај, точно е дека квалитетот на изработката и употребените материјали, се поважни од, на пример, самиот вид на материјалот. Добар пример за тоа се дрвените прозорци. Постојат многу поголеми разлики во одржувањето меѓу основните модели на дрвени прозорци и висококвалитетните дрвени прозорци, отколку меѓу добри дрвени прозорци и ПВЦ прозорци. Квалитетните дрвени прозорци, не бараат повеќе одржување од ПВЦ прозорците.

Изолација и заштита од бучава

При избор на прозорци, ќе наидете на податоци за изолација и застаклување. Топлотната изолација, покажува колку ефикасно прозорците ја одржуваат посакуваната температура во домот, односно колку добро штитат од загуба на топлина во зима и од прегревање во лето.

Најдобра изолација обезбедуваат трослојните прозорци. Двослојните имаат нешто послаб ефект, додека еднослојните (денес речиси и да не се користат), нудат најмалку заштита. Соодветно на тоа, трослојните се и најскапи.

Слично како и со топлината, истото важи и за звукот. Таму каде што околината е побучна (во градови, покрај патишта или железнички линии, во близина на индустриски објекти…), при изборот на прозорци треба да бидете особено внимателни, барем делумно да ја намалат бучавата.

Кога ги споредувате податоците за звучна изолација, обрнете внимание на коефициентот Rw, кој покажува колку звук (во децибели) прозорот пригушува. Ако изберете прозор со Rw од 35 децибели, а надворешното ниво на бучава достигнува 75 децибели, во внатрешноста ќе се слуша разлика од 40 децибели. Со оглед на тоа што секојдневната бучава во домот (чекори, нормален разговор, без вклучени гласни апарати) е приближно од 30 до 50 dB, ова е одлична вредност.

Изолацијата и безбедноста, исто така зависат од начинот на инсталација. Обрнете внимание и на енергетската ефикасност.

Кај енергетски ефикасната инсталација, најчесто т.н. RAL-монтажа, се следат насоки што овозможуваат оптимално дихтување на празнините и контактот меѓу прозорските рамки и ѕидовите.

Изберете сигурен и квалитетен изведувач на работите

Квалитетот на прозорците само на хартија не е доволен, доколку не се квалитетни сите елементи – на пример, ако стаклото е слабо, а рамките не се изработени доволно прецизно – или ако прозорците не се правилно поставени. При изработка на прозорци, меѓу другото, важни се цврстината на материјалот и квалитетот на стаклото.

Квалитетот на изработката и вградувањето на прозорците исто така зависи од нивната отпорност на несакани удари, вклучително и обиди за кршење при кражба.

Како да изберете изведувач? Без разлика дали станува збор за производител на прозорци или компанија за нивно вградување, задолжително проверете ги нивните референци и искуствата на претходни клиенти.

Прозорците не се менуваат често, ниту лесно, бидејќи тоа е финансиски и логистички зафат – затоа добро размислете кому ќe му ја доверите таа задача.

И тука треба да внимавате, дали пониската цена е резултат на пазарна конкуренција или пак знак за понизок квалитет.

Заштитете ги прозорците

Откако ќе изберете добри прозорци, важно е и правилно да ги заштитите. Најчести закани се ветер, промаја, провалувања, а понекогаш и самите можете ненамерно да го оштетите прозорецот или да го скршите стаклото. Доколку вашиот дом е добро осигуран, нема да се грижите за трошоците за замена на стаклото.

Извор: Vse bo v redu.

TEST BANNER

Ne propustite!

Izbor najnovijih priča i saveta za bezbrižnu svakodnevicu.

Prijava na newsletter

Следете нѐ на