Без електрична енергија во денешно време не можеме да го замислиме животот. Во секој дом електричната енергија се користи на различни начини, но претставува и голем дел од трошоците на секое домаќинство. Купувањето на повеќе енергетско – ефикасни апарати за домаќинство, реновирање на прозорци и слични мерки можат да ви помогнат да ја намалите потрошувачката. Во продолжение најдете неколку совети кои ќе ви помогнат да ја намалите потрошувачката на електрична енергија:

Заштедете со користење на рачен туш во бањата
Во просек, од вкупниот износ на сметките за електрична енергија, за греење на водата отпаѓаат околу 20% од годишната потрошувачка на електрична енергија. Со намалување на потрошувачката на топла вода може значително да се намали потрошувачката на енергија. Економичниот рачен туш го намалува протокот на вода од 10 до 15 l / min на 7-8 L / min. На овој начин може да заштедите до 50% од загреаната вода. Инсталацијата е едноставна – потребно е само да се замени главата на тушот.
Апаратите што не ги користите, исклучете ги од прекинувачот
Потрошувачката на електрични апарати во комбинација со сметките за осветлување исто така сочинуваат околу 20% од потрошената енергија во вашиот дом. Многу уреди што не ги користиме, пожелно е да се исклучуваат од прекинувачот, затоа што, иако во моментот не го користиме уредот тој сеуште троши енергија, а некои трошат дури до една третина од вкупно потрошената енергија.
Транспарентна термо-изолација за прозорци
Транспарентната термо-изолација за прозорци, може значително да ја намали потрошувачката на електрична енергија. Таа содржи облоги, кои овозможуваат во текот на зимата топлината да се рефлектира назад во загреаниот простор. Со ваква излолација може да се намалат загубите на енергија преку прозорците до 10 проценти. Инсталацијата на истите е едноставна.
Исто така значајна е и добрата изолација на вратите, низ кои топлиот воздух бега.
Постојат неколку групи на производи за дихтување. Самолепливите ленти се најевтината опција, тие можат лесно да се постават, но нивниот век на траење е пократок.
Клуч за радијатори
Воздухот што испарува од радијаторите ја зголемува ефикасноста и ја намалува загубата на топлина, што придонесува да се намали сметка за греење и да се зголеми удобноста во вашиот дом. Ако воздухот од радијаторите не грее на целата површина, тогаш тој треба да се насочи со помош на клучот. Клучот е евтин, и е многу лесен за употреба.