Решете го тестот и дознајте како правилно да го насочувате своето дете во спортувањето.
Во тестот подолу, откријте ги и замките и можностите што ги носи спортувањето на вашето дете, кога треба да ги оставите своите и неговите амбиции настрана, но и како да му помогнете во физичкото и психичкото закрепнување, доколку дојде до повреда:
Повредата може да биде извор на многу потешкотии за вас и за вашето дете. Во тоа можат да ви помогнат стручни работници во градинките и училиштата, педијатри, психолози и специјалисти. Добро е да се воспостави интензивна комуникација со наставниците и тренерите. Пред сè, верувајте во себе и во вашето дете. Вие сте неговиот најважен застапник. Здравјето треба да има предност пред неговите желби, вашите амбиции и очекувањата на луѓето околу вас.
Скоро секое дете или младо лице доживеало повреда до 18-тата година од животот. Кога тоа ќе се случи, најважните работи се брза, достапна, софистицирана дијагностика и третман од специјалист и доколку е потребно, физиотерапија. За да се избегнат финансиски грижи и долги листи на чекање за специјалистички прегледи, размислете за здравствено осигурување, кое што ќе ги покрие овие трошоци и ќе ја обезбеди потребната навремена услуга.
Извор: Vse bo v redu.





