Обезбедете ја финансиската сигурност на вашите најмили, во случај нешто вам да ви се случи, со соодветна осигурена сума.
Грижата за семејството е главната причина поради која што поединецот се одлучува за осигурување на живот во случај на смрт (ризик). Тоа е разбирливо, бидејќи на тој начин се намалува ризикот неговите блиски да се соочат со тешки финансиски последици, во најлош случај. Меѓутоа, тоа ќе биде точно само доколку се избере соодветна осигурена сума. Колку треба да биде висока таа осигурена сума?
Грижете се за вашите најблиски – склучете осигурување на живот
Клиентите обично одлучуваат да склучат осигурување на живот во случај на смрт (ризик) по важни животни пресвртници, како што се брак, раѓање на дете и купување недвижен имот.
Мотивите за договарање на животно осигурување се разбирливи. Кога другите членови на семејството ќе станат зависни од вас или кога сакате да го исплатите кредитот за стан доколку нешто ви се случи, животното осигурување е најлогично решение.
Со цел решението што го нуди осигурувањето да биде навистина соодветно, при договорање на осигурување на живот, не одлучувајте за тоа само врз основа на цената.
Обрнете особено внимание на соодветниот износ на осигурената сума, обемот на покритие, како и времетраењето на осигурувањето.

Пресметајте ја соодветната осигурена сума
Препорачаниот минимален износ за надоместување на загубата на приход на осигуреникот е износот на неговата тригодишна плата.
Ако се земе предвид просечната нето плата во Република Северна Македонија, соодветната осигурена сума треба да биде најмалку 18.000 евра. Значи, за минималниот препорачан период, на семејството би можело да му се обезбеди животен стандард споредлив со оној што го имале пред смртта на саканата личност.
Меѓутоа, овој износ не е доволен доколку е потребно да се покријат какви било финансиски долгови во облик на кредит, или доколку е потребно да се осигури финансиска безбедност на зависните членови на семејството.
Намалете ги сопствените ризици
Можете да намалите многу ризици, на кои што би можеле да бидете изложени денес, со превентивно однесување, како и напуштање на одредени навики, со оглед дека стресот и недоволната физичка активност се најголемите фактори на ризик.
Вистина е дека животните предизвици често се непредвидливи, сепак, не сте целосно немоќни. Можете да направите многу со вашиот ангажман. Нашите агенти ќе ви помогнат во пресметката на износот на осигурената сума, која што соодветно финансиски ќе го заштити вашето семејство во најлош случај.
Доколку сакате да добиете дополнителни информации за осигурување на живот, побарајте нѐ на +389 25 102 201. Ви стоиме на располагање секој работен ден од 08:00 до 16:00 часот.

Извор: Vse bo v redu.