Не пропуштајте!

Избор на најновите совети и информации за безбрижно секојдневие.

Сѐ ќе биде во ред  | Triglav.mk

Најубавите дестинации за меден месец

Пред вас е патувањето на вашиот живот?

Можете да изберете рајски плажи, слушајќи го звукот на брановите во тропските краишта или пак да го почувствувате пулсот на европските градови. Погледнете некои од најпопуларните дестинации за меден месец ширум светот, како и на што треба да внимавате при планирањето.

Меден месец во тропските предели

Шарените, тропски острови во Индискиот океан се синоним за рај на Земјата. Островските држави како Сејшели, Малдиви и Маурициус се познати по нивните прекрасни плажи со бел песок и кристално чисто тиркизно море. Тие нудат совршена можност за луксуз, опуштање и уживање, но и активен одмор, додека се вљубувате во атмосферата што ја создаваат палмите, морето, сонцето и песокот.

Иако, ретко кој сака да размислува за тоа при вакво патување, сепак секогаш постои можност да се појават неочекувани ситуации – повреда или болест. Затоа, важно е да имате патничко осигурување.

Меден месец во Европа

Европа нуди по нешто за секого и во секое годишно време. Тука ќе најдете совршен спој од култура, историја, природни убавини и разновидни доживувања, без разлика дали сакате одмор, авантура или и двете.

Најпознатите дестинации за младенци ќе ве освојат со својата архитектура, одлична кујна и шармантни, романтични градови. Градовите на љубовта – Париз, Венеција, Рим, како и малите градчиња во италијанските провинции и грчките острови, не бараат посебно претставување.

Една од предностите на патување низ Европа е добрата поврзаност. Евтините авио-компании, брзите возови и развиената патна мрежа, ги прават европските дестинации лесно достапни.

Како да го испланирате медениот месец на посакуваната дестинација

Младенците обично се водат според своите желби, но и според буџетот што им стои на располагање. Ова последново, полесно се решава ако навреме се започне со планирање.

Затоа, најдобро е организацијата на свадбеното патување во странство, да започне барем шест месеци однапред. Така ќе можете да најдете поволни цени за авионски билети и сместување.

Важно е и да ја проверите важноста на личните документи, како што се пасошите и визите (доколку се потребни). Исто така, информирајте се дали можете да ги користите вашите платежни картички во странство и размислете како да ги заштитите од кражба или загуба.

Кога ќе се приближи датумот на поаѓање, проверете ја временската прогноза, спакувајте се соодветно и информирајте се за безбедносните препораки. Повеќето дестинации за меден месец, важат за безбедни и полни со љубезни луѓе, но секогаш е добро да бидете подготвени – некогаш, и покрај сите планови, може да се случи нешто неочекувано.

Затоа е тука патничкото осигурување, коешто нуди финансиска сигурност за итни медицински трошоци и транспорт, во рамки на договорената осигурителна сума.

TEST BANNER

Ne propustite!

Izbor najnovijih priča i saveta za bezbrižnu svakodnevicu.

Prijava na newsletter

Следете нѐ на