Не пропуштајте!

Избор на најновите совети и информации за безбрижно секојдневие.

Сѐ ќе биде во ред  | Triglav.mk

Осигурете ги повеќегодишните насади на време

Зимските месеци се одлично време за осигурување на повеќегодишните растенија, со цел да се избегнат можните ризици од таложење снег и мраз во круните и свлечишта, од снежни лавини, бури, а потоа, за време на периодот пролет-лето, да се избегнат ризиците како град, пожар и удар на гром.

Временските непогоди стануваат сѐ почести и предизвикуваат големи загуби во земјоделието. Земјоделското производство е изложено на многу ризици, така што осигурувањето е најефективниот метод за управување со ризикот.

Снегот во зимските услови има претежно позитивна улога при заштитата на растенијата, но во некои ситуации, како што се снежните наноси, може да има и негативен ефект и да влијае на задушување и гниење на растенијата. Различните зимско-пролетни бури и обилните врнежи предизвикуваат голема штета на земјоделските култури, особено оние кои се наоѓаат на падините на ридовите и во сливот на планинските реки.

При дефинирањето на предметот на осигурување од горенаведените ризици, младите растенија кои штотуку се одгледуваат не се класифицираат како производни средства бидејќи не влегле во фаза на вродување со плод и преминување во основно средство и се гледаат како тековни инвестиции. Насадите кои почнале да вродуваат претставуваат основно средство и на него се пресметува амортизација која зависи од видот на плодот.

Осигурителната сума за младите насади додека не почнат да вродуваат ја претставува вредноста на насадите, односно збирот на сите вложувања во нивното подигање до моментот кога ќе почне да дава редовен годишен род, чија вредност е поголема од износот на годишните трошоци. На оваа вредност се применува амортизација за да се добие неамортизирана вредност и правично да се надомести штетата.

За да формираме основна понуда, потребни ни се само неколку податоци, имено:

  • Информации за осигуреникот
  • Општината и катастарската општина каде се наоѓа предметната парцела
  • Катастарски број на парцелата и нејзината површина
  • Број на растенија на 1 ха
  • Вредноста на садниците со трошоците за подигање на садници

Со државна субвенција можете да ги осигурате вашите посеви и плодови кои ги произведувате за лични потреби или за пласирање на пазарот, доколку имате регистрирано земјоделско стопанство во Секторот за трезор. Цената на осигурувањето се определува врз основа на ризичните зони на даденото подрачје поврзани со елементарната непогода што е осигурена и чувствителноста на растителната култура на оштетување.

За сите споменати основни, дополнителни и посебни осигурувања можете да се информирате во најблиската експозитура на Триглав осигурување, како и на веб-страницата www.triglav.mk.

TEST BANNER

Ne propustite!

Izbor najnovijih priča i saveta za bezbrižnu svakodnevicu.

Prijava na newsletter

Следете нѐ на