Не пропуштајте!

Избор на најновите совети и информации за безбрижно секојдневие.

Сѐ ќе биде во ред  | Triglav.mk

Паралелно паркирање: со вежбање до совршенство!

Практични совети за безбедно паралелно паркирање – без оштетувања, трошоци и стрес.

Паралелното паркирање е една од основните возачки вештини, но сепак претставува стрес за многу возачи и релативно висок ризик од лесни или посериозни телесни повреди и други сериозни сообраќајни незгоди. Вежбајте, правилното прилагодување на ретровизорите за ефикасен поглед на околината и познавањето на димензиите на возилото што го возите се клучни за совладување на овој маневар.

За успешно паралелно паркирање, прво ослободете се од стресот.

Веројатно нема возач кој, по положувањето на возачки испит, не доживеал стрес, страв и нервоза при паралелно паркирање во тесна градска улица, додека другите учесници во сообраќајот видливо покажувале нетрпеливост, што може дополнително да вознемири.

Убедени дека им го трошите времето, затоа што процениле дека трактор може да се паркира паралелно на вашето паркинг место за 30 секунди, нивните нетрпеливи реакции можат да бидат многу стресни и брзо да создадат услови за оштетување на возилото.

Секој возач мора да одвои онолку време колку што му е потребно за паркирање. Помош од сопатниците или модерната технологија за контрола на околината на автомобилот е дефинитивно добредојдена. Дури и најголемите мајстори на воланот еднаш погрешно го процениле просторот за паралелен паркинг, пребрзо го свртеле воланот и не успеале да паркираат на тој начин.

Значи, првиот многу важен совет за успешно паркирање е управувањето со стресот:

  • кога ќе најдете место за паркирање, концентрирајте се и не брзајте,
  • вклучете го сигналниот знак, за да можат другите учесници во сообраќајот да видат каква ви е намерата,
  • внимателно проценете го просторот,
  • правилно приспособете го десниот страничен ретровизор,
  • возете рикверц со постојана контрола врз околината.

Избегнувањето паралелно паркирање не е решение

Можете да го поправите паралелното паркирање со редовно вежбање. Тоа придонесува за подобра координација на паркирањето.

Избегнувањето на паралелно паркирање не е решение, бидејќи како возач, порано или подоцна ќе се најдете во ситуација кога ќе мора да паркирате на тој начин, бидејќи нема да имате друг избор.

Никогаш не е доцна да се побара стручна помош. Се смета дека исто како што луѓето ангажираат ски инструктор за да ја подобрат нивната техника на скијање, неискусните возачи можат да добијат помош од инструктор за возење и да научат како да паркираат паралелно под негов надзор. Факт е дека дополнителните часови за возење се значително помалку по број и разумно поевтини трошоци отколку поправање на последиците од погрешните реакции и одлуки при паралелно паркирање.

Насока на возење, правилно наместени ретровизори и внимателно отворање на вратата

Две работи се клучни за успешно и безбедно паралелно паркирање: точна проценка на расположливиот простор според должината на возилото што го возите и правилно поставени ретровизори за следење на околината.

Со вклучен трепкач ја сигнализирате вашата намера при напуштање на паркинг просторот, но не заборавајте да ја надгледувате околината кога го напуштате паркираното возило.

Невнимателно отворање на вратата брзо остава гребаници и вдлабнатини од ударите во жардинери со цвеќиња, потпорни ѕидови, високи тротоари и други замки на урбаната средина. Меѓутоа, невнимателно отворената врата може да значи и сериозна сообраќајна незгода, доколку во неа удри велосипедист или друго возило.

Секогаш проверувајте ги вратите и прво погледнете што се случува покрај возилото. Обрнете посебно внимание на слепите точки.

Дури и благ удар во браникот е всушност сообраќајна незгода

Во случај на странично паркирање, и покрај тоа што брзината обично не ја надминува брзината на пешакот, може да настанат посериозни оштетувања на возилото. Со неправилно наместени ретровизори, возачот лесно може да ја превиди висината на тротоарот и да ги оштети бандажите.

Уште попроблематични се ниските столбови, кои што можат да предизвикаат значителна штета на вратите, браниците, светлата и другите делови од автомобилот.

При изборот на место за паркирање, размислете за просторот што ви е потребен за паркирање.

Често се случува да се вратите на паркингот и да откриете дека има многу помалку простор за излез од паркингот, бидејќи друго, поголемо возило е паркирано пред или зад вашиот автомобил. Во овој случај, прво проверете дали има вдлабнатини или гребнатини на вашиот автомобил, а потоа многу внимателно напуштете го паркинг просторот.

Ако паркингот е на падина, на пример на стрмна улица, не заборавајте да го контролирате автомобилот при тргнување со рачната сопирачка. Запомнете, и најмало оштетување на браникот се смета за сообраќајна незгода.

Прочитајте повеќе за штетата што може да се случи на паркинг.

Дури и гребнатинка долга неколку милиметри се смета за штета. Ако ja предизвикате, мора да го известите сопственикот на возилото што го оштетивте. Ако едноставно си заминете, официјално сте го напуштиле  местото на сообраќајната незгода. Кога ќе се случи незгода, по полициски увид или пополнување на Европски извештај, потребно е да се пријави штетата во осигурителната компанија каде е осигурено возилото, со кое што е предизвикана сообраќајната незгода.

Вештачката интелигенција може да ви помогне

Развојот на автомобилската технологија придонесе за побезбедни и поефикасни системи за паркирање. Повеќето нови возила се веќе опремени со ултразвучни сензори, кои што му откриваат на возачот скриени замки зад или пред браникот со светла, графички и звучни предупредувања.

Камерите за рикверц, се исто така многу корисни при странично паркирање, затоа што обезбедуваат подобар поглед на околината на возилото.

На пазарот веќе некое време има активни помошници за паркирање, кои автоматски го мерат соодветното странично паркинг место и потоа ја преземаат контролата.

Ваквиот систем работи во двете насоки – при паркирање и при напуштање на паркинг просторот и му овозможува на возачот паралелно да паркира многу порелаксирано, што не смее да се случи без внимание на возачот. И покрај значајната помош на технологијата, возачот сè уште е одговорен за успешниот или неуспешниот маневар за паркирање и сите последици што произлегуваат од него.

Active Park Assist соработува и со други безбедносни системи, како што се контрола на рикверц со функција за автоматско сопирање, систем против судир и систем за следење на мртвата точка. Тоа значи дека помошта за паркирање може автоматски да закочи пред велосипедистот, да го предупреди возачот на велосипедот или возилото во мртвата точка за да не ја отвори вратата и да предизвика незгода. Кај подобрите системи, дури и ако моторот е исклучен, мониторингот работи уште 3 минути, што спречува невнимателно отворање на вратата.

Пред користење на овој вид помош, возачот мора да биде запознаен со неговата работа и строго да ги следи упатствата дадени од возилото.

Возачот, исто така, може да преземе целосна контрола врз она што се случува во даден момент. Ваквите автоматски асистенти за паркирање прецизно го мерат расположливото место и паркираат брзо и успешно, дури и ако има многу малку паркинг простор.

Извор: Sve bo v redu.

TEST BANNER

Ne propustite!

Izbor najnovijih priča i saveta za bezbrižnu svakodnevicu.

Prijava na newsletter

Следете нѐ на