Како да се одзатне одводот? Сам свој мајстор или да се повика домашната асистенција на Триглав?
Со правилна употреба, соодветна инсталација и редовно одржување, можете да спречите затнување на одводот. Што ако сепак се затне одводот? Објаснуваме како да го одзатнете одводот, како помагаат осигурувањето и домашната асистенција, која наместо вас повикува водоводџија.
Затнатиот одвод е проблем кој може да се спречи
“Затнат одвод. Итно ми треба помош!”, вели клиентот кој се јавил на Триглав домашна асистенција. Ако некогаш ви се случило ова, тогаш сигурно разбирате и можеби знаете како да се справите со тоа, иако многумина не знаат што да прават во случај на овој прилично чест проблем. Со водоводџиите и нашата домашна асистенција проверивме како да се одзатне одводот или да се погрижиме одводот воопшто да не се затне. И како осигурувањето може да ни помогне со тоа?
Затнат одвод е проблем кој најчесто ги тера луѓето да повикаат водоводџија. И нашите проценители утврдиле дека причината за најчестите пријави е штетата поради излевање на вода, која може да се случи од доводните и одводните цевки во купатилото или во кујната.
Затнат одвод во кујната
Причините за затнување се различни, се согласуваат нашите соговорници. За жал, една од најчестите е небрежноста.
Проблемот во повеќето случаи се појавува бидејќи луѓето истураат масло, остатоци од храна и талог од кафе во кујнскиот одвод, а дијаметарот на цевката обично е помал од оној на фекалниот цевковод.
Затнувањето, исто така, може да биде предизвикано од прекумерна употреба на прашкасти средства и заштеда на топла вода. Во овој случај, мастите не се раствораат, туку само дополнително се таложат во цевките.
Истурањето во одводот не е добро и од друга причина: остатоците од храна во канализацијата создаваат идеални услови за населување на глодари, а пред сѐ стаорци.
Затнат одвод во тоалетот
Приказната во тоалетот е слична. “Луѓето често мислат дека тоалетот е контејнер за отпад”, искрено вели еден водоводџија. Не треба да фрлате тампони, улошки, влажни марамчиња во тоалетот. Од тоа може да се запуши одводот.
Честа причина за затнат поден сифон, кога водата го поплавува купатилото, или затнат сифон кај лавабото се коса и остатоци од мртва кожа, сапуни и прашкасти средства за чистење.
Но, небрежноста не е секогаш причина за тоа. Проблемот исто така може да биде:
- несоодветна изведба на одводот,
- несоодветно поставена инсталација,
- премногу мал пад кај цевките,
- премногу долги цевки,
- бигор.
По долго отсуство од куќата, кога канализацијата не се користи долго време, одводот може да се затне кога повторно ќе го користите.

Кој треба да го одзатне одводот: сам свој мајстор или вистински мајстор?
Нашите “вистински” мајстори се согласуваат дека дома и самите можете да одзатнете мало запушување во сифоните.
Како да одзатнете кујнски сифон:
- расклопете го и исчистете го со топла вода, а во бањата најдобро користејќи туш;
- при склопување и расклопување, внимавајте да не се скрши или деформира некој од штрафовите;
- погрижете се доволно да ги стегнете сите спојки (пластични)– ниту премногу, ниту премалку;
- при склопување, сите штрафови мора да бидат убаво наредени.
За купатила се препорачува да се користи мрежа на одводите и нејзино редовно чистење. Ако е затната WC школката, можете сами да го решите проблемот, ако не е затнат цевководот во ѕидот.
При одзатнување од поголема корист ќе ви биде таканаречената сајла, цевка за чистење на одводи.
Внимавајте кога користите одзатнувачи за одводи (средство со вакум со дрвена рачка) во WC школките кои лежат пониско од нивото на главната канализациска мрежа, на пример во станови во сутерен. Во овој случај, отпадните води можат да се вратат назад.
Во посериозни случаи, генерално при затнување кое предизвикува излевање на отпадни води, подобро е да се консултирате со обучени лица.
Најмногу штета предизвикуваат затнувања на делот од канализацијата каде што се поврзани повеќе водоводи. Во тој случај, при затнување, отпадните води можат да се излеат кај најнискиот приклучок на збирната линија.
Ако се затне одвод во ѕид, подобро повикајте професионална помош, која исто така е опремена со соодветни алатки како што е чистачот со висок притисок.

Повикајте домашна асистенција
Кога ќе морате да побарате мајстор, чест проблем е како воопшто да стигнете до него. Најбрз начин е да се јавите на 0800 22 208. Домашната асистенција на Триглав, која ја имате како дел од вашето осигурување на домот, во соработка со мајсторите може да ви помогне да ја поправите штетата.
Пријавете штета што е можно побрзо
Затнат одвод и излевање на вода може да предизвикаат други непријатности. Во кујната, на пример, може да ги уништи подните прекривки. Па, не само што треба да го одзатнете одводот, туку и да ги поправите и другите оштетувања кои можеби се случиле. Што морате да направите? Пријавете штета што е можно побрзо.
Спречете понатамошна штета, ако е можно, направете фотографии од штетата, и погрижете се да се зачуваат доказите за настанатата штета додека не дојде проценител.

Извор: