Не пропуштајте!

Избор на најновите совети и информации за безбрижно секојдневие.

Сѐ ќе биде во ред  | Triglav.mk

Пред да го позајмите автомобилот

9 прашања, на кои што треба да ги имате одговорите, пред да го позајмите возилото.

Еден пријател ве замолува да му го позајмите автомобилот. Со задоволство би излегле во пресрет, но и двајцата треба да знаете што ќе се случи, доколку вашиот пријател направи прекршок, предизвика сообраќајна несреќа или го оштети автомобилот. Во прилог неколку корисни совети, да му помогнете на вашиот пријател и во исто време да се заштитите себеси и вашето возило од можни проблеми.

Што вели полицијата?
1. МУ ГО ПОЗАЈМИВТЕ ВОЗИЛОТО НА ПРИЈАТЕЛ, КОГО ГО ЗАПРЕЛ ПОЛИЦАЕЦ ЗА ПРЕКУМЕРНА БРЗИНА. КОЈ Е ОДГОВОРЕН?

Возачот е секогаш одговорен за прекршокот. Кога полицаец ќе запре возило, возачот добива парична казна, без оглед на тоа кој е сопственик на возилото.

2. ВОЗИЛОТО ГО ПОЗАЈМИВТЕ НА ПРИЈАТЕЛ, КОЈ УРЕДНО ВИ ГО ВРАЌА. ЗА НЕКОЛКУ ДЕНА ДОБИВАТЕ НАЛОГ ЗА ПЛАЌАЊЕ КАЗНА ПО ПОШТА. ВАШИОТ ПРИЈАТЕЛ БИЛ РЕГИСТРИРАН ОД РАДАР ДЕКА ВОЗЕЛ ПРЕБРЗО И НАПРАВИЛ ПРЕКРШОК.

И во овој случај возачот е виновен. Сепак, полицијата предупредува дека има исклучок кога прекршокот бил снимен од радарот и возилото не било запрено. Доколку не може да се утврди кој е сторителот, а вашиот пријател не го признае прекршокот, тогаш ќе бидете казнети вие, како сопственик на возилото.

3. ВАШИОТ ПРИЈАТЕЛ ПРЕДИЗВИКАЛ СООБРАЌАЈКА НЕСРЕЌА. ШТО СО КАЗНАТА ЗА ПРЕКРШОК?

Овде е јасно дека возачот е одговорен за прекршокот. Но, само ако се докаже дека тој возел. Доколку не може да се утврди кој е прекршителот, вие, како сопственик на возилото, ќе бидете казнети за прекршокот.

4. ДАЛИ НА ВАШИОТ ПРИЈАТЕЛ МУ ТРЕБА ПОТВРДА ДЕКА ВОЗИЛОТО Е ПОЗАЈМЕНО ОД ВАС, А НЕ УКРАДЕНО?

Иако вашиот пријател има возачка дозвола, како и задолжително осигурување, сепак му треба овластување од сопственикот, заверено на нотар, за да може без проблем да вози туѓо возило во државата.

5. ШТО КОГА ПРИЈАТЕЛОТ САКА ДА ЈА ПРЕМИНЕ ГРАНИЦАТА СО ВАШЕТО ВОЗИЛО?

За да ја премине границата со вашето возило, потребна му е дозвола за управување со туѓо возило во странство, која што се издава врз основа на одобрение, потпишано од сопственикот на возилото.

Што вели осигурувањето?

6. ВАШИОТ ПРИЈАТЕЛ ПРЕДИЗВИКАЛ СО ВАШЕТО ВОЗИЛО СООБРАЌАЈКА НЕСРЕЌА. ШТО СО ОСИГУРУВАЊЕТО НА ВОЗИЛОТО?

Осигурувањето од автоодговорност е врзано за возилото, а не за сопственикот. Ја покрива штетата, што возачот на возилото ја предизвикува на другите учесници во сообраќајна незгода. Осигурителната компанија потоа покрива материјална штета на возилото и нематеријална штета (телесни повреди, смрт) претрпена од трето лице во случај на сообраќајна незгода.

Истото важи и за каско осигурувањето на автомобилот. Тоа ја покрива штетата предизвикана од возачот врз себе и штетата предизвикана од настани, надвор од контрола на возачот или пак кои тој не можел да ги предвиди. Да речеме, гранка, па дури и дрво, ако падне на автомобилот и го оштети.

За осигурувањето на автомобилот, нема разлика помеѓу сопственикот на возилото и лицето, кое го вози возилото со дозвола на сопственикот.

7. ШТО АКО ВАШИОТ ПРИЈАТЕЛ БИЛ ПОД ВЛИЈАНИЕ НА АЛКОХОЛ КОГА ПРЕДИЗВИКАЛ СООБРАЌАЈКА НЕСРЕЌА?

Осигурителната компанија ќе ја подмири настанатата штета од осигурувањето од автомобилска одговорност на возилото. Потоа, до возачот и до сопственикот на возилото ќе испратат регресно барање, со кое што ќе побараат надомест за исплатената штета.

Осигурителната компанија ќе го одбие побарувањето од вашето каско осигурување, бидејќи штетата, предизвикана од возачот под дејство на алкохол или други забранети супстанции не е покриена. Во зависност од условите на осигурување, некои осигурителни компании, како што е Триглав Осигурување, ја покриваат на сопственикот штетата, предизвикана од возач под дејство на алкохол кој не е осигуреник и сопственик на возилото, а потоа истата ја побаруваат со регрес од виновникот, односно возачот.

8. ШТО СЕ СЛУЧУВА СО ВАШИОТ БОНУС?

Ако вашиот пријател предизвика сообраќајна несреќа, штетата се плаќа од полисата на сопственикот на возилото – односно вашето осигурување, што значи, го губите бонусот.

Доколку предизвикате сообраќајна незгода или некој ја предизвика со вашето возило, ќе платите поголема премија за осигурување кога земате или обновувате каско осигурување на автомобилот.

9. КОЈА Е ПОСТАПКАТА ЗА ПРИЈАВА НА ШТЕТА?

Настанатата штета мора да ја пријави во осигурителната компанија и сопственикот и возачот на автомобилот. Првиот како сопственик, а вториот како учесник во сообраќајката.

Извор: Vse bo v redu.

TEST BANNER

Ne propustite!

Izbor najnovijih priča i saveta za bezbrižnu svakodnevicu.

Prijava na newsletter

Следете нѐ на