Не пропуштајте!

Избор на најновите совети и информации за безбрижно секојдневие.

Сѐ ќе биде во ред  | Triglav.mk

Проблеми зад воланот

Ако вашата состојба ненадејно се влоши додека возите, запрете го возилото што е можно поскоро и побарајте помош, особено ако во возилото нема возрасен патник.

Болеста не бира време и ситуација. Без знаци на предупредување, можете да почувствувате слабост, несвестица, па дури и да имате срцев удар. Акутните здравствени состојби сами по себе се непријатни и опасни. Доколку се случат ненадејно, додека возите, можат да бидат причина за сообраќајна несреќа. Како да се однесувате кога ќе се појават проблеми додека возите и како осигурителната компанија ги третира несреќите, кои што се случуваат од тие причини, и нивните последици?

Во потрагата по одговор на прашањето кои медицински состојби во голема мера влијаат на нашите возачки способности, невозможно е да се впери прстот кон еден виновник.

Дури и мали проблеми зад воланот можат да ги нарушат способностите на возачот

Експертите предупредуваат дека треба да обрнете посебно внимание ако премногу ви солзат очите или ако имате очила со несоодветна диоптрија. Во тој случај нема да можете да ги следите настаните на патот. Доколку сте под дејство на психоактивни супстанци или лекови, кои влијаат на вашата свест, ќе бидете поспани. Ако имате ниско ниво на шеќер во крвта, мозокот не работи правилно и не реагира соодветно или навремено на информациите, колку и да се тие адекватни. Понекогаш можете да се најдете во ситуација кога, на пример, не можете да ја притиснете сопирачката со сета сила поради болка, што се должи на оштетен зглоб. Можете да ги замислите последиците од таквите состојби.

Доколку некоја од вашите способности е нарушена: чувство, расудување, движење или перцепција, вие сте опасност за себе и за другите во сообраќајот .

Од медицинска гледна точка, возењето е комбинација на перцептивни функции (сетила), способност за трансформирање на добиените информации (мозок) и соодветен одговор на воочените дразби (нерви и мускули). Но, не треба да се заборават и сите потпорни столбови, кои овозможуваат правилно функционирање на сите системи (срце со крвни садови, ендокриниот систем, гастроинтестинален тракт…).

Доколку некоја алка во споменатиот синџир е неисправна, вие претставувате опасност за себе и за другите учесници во сообраќајот, предупредуваат експертите.

Често се случуваат проблеми при возење

Според Републички совет за безбедност во сообраќајот, минатата година 116 лица го изгубиле животот во сообраќајна несреќа.

Клучот за безбедно учество во сообраќајот е реална проценка на нечија состојба и способности. Не игнорирајте ни најмало вознемирување и земете ги предвид можните мислења на оние околу вас.

Експертите посочуваат дека клучот за адекватна превенција е самокритиката, т.е. свесноста за сопствените способности.

Ако одеднаш се чувствувате полошо додека возите, запрете го возилото што е можно поскоро и повикајте помош, особено ако во возилото нема возрасен патник.

Ако не сте сигурни за сопствената способност за возење, размислете за луѓето, кои се околу вас во тој момент. Не ги игнорирајте нивното мислење и помош. Покрај тоа, јавниот превоз или такси услугите се широко достапни, па нема причина да се изложувате на несакани последици доколку не се чувствувате способни да седнете зад воланот.

Не ги игнорирајте знаците кои укажуваат на проблем

Болката, секако е очигледен знак дека нешто не е во ред.

Најчести симптоми и знаци во акутни итни случаи:

  • АКУТЕН МИОКАРДЕН ИНФАРКТ-СРЦЕВ НАПАД: тапа или горлива болка во градите, која може да биде атипично остра и прободувачка, со потење, бледило и силна слабост;
  • ИЗЛИВ НА КРВ ВО МОЗОКОТ: ненадејна главоболка, која пациентите ја опишуваат како најлошата во нивниот живот, а може да биде придружена со губење на свеста;
  • АКУТЕН МОЗОЧЕН УДАР: ограничување на функцијата на движење или говор;
  • СИМПТОМ НА ЗАГРОЗЕНА ЗДРАВСТВЕНА СОСТОЈБА: силна акутна болка во стомакот, отежнато дишење, вртоглавица и несвестица;
  • РАЗЛИЧНИ СОСТОЈБИ (на пример епилептичен напад): ненадејни знаци, кои се појавуваат без предупредување, а болниот не може да влијае на нив.

Како може сопатникот да помогне?

Доколку во возилото има сопатник, тој треба да се обиде да реагира соодветно во дадената ситуација – да повика итна медицинска помош, доколку е потребно и да се погрижи возачот да не се напрега.

Во одредени итни ситуации, сопатникот може да биде од голема помош. На пациент со дијабетес, чиешто ниво на шеќер во крвта е намалено, може да му се помогне ако му дадете нешто слатко за јадење или за пиење. Може да постави несвесен возач во стабилна странична положба. Во најлош случај, ако биде сведок на ненадеен срцев удар, тој може да го реанимира пациентот со масажа на градниот кош, додека да пристигне итната помош.

Не седнувајте зад воланот ако на кутијата со лекови има триаголник!

Психоактивните лекови имаат значително влијание врз (не)безбедното возење. Поради нив, способноста за управување со возила може значително да се намали и да претставува ризик за возачот и за другите учесници во сообраќајот. Тие вклучуваат лекови означени со црвен или бел предупредувачки триаголник на нивното пакување. Ако ги земете, не треба да возите! Возењето на возилото во овој случај е забрането.

Дури и ако земате лекови кои што ја немаат оваа ознака, секогаш консултирајте се со вашиот лекар или фармацевт. Нарушена способност за управување со возила е можна особено при употреба на повеќе лекови и нивни интеракции, кога се консумира алкохол истовремено или не се следат упатствата за земање на лекот. Лековите влијаат на секој поединец различно, така што консултацијата секогаш има смисла.

Покрај лековите означени со триаголник и други лекови можат да влијаат на способноста за возење:

• лекови за проблеми при движење, поленска треска и алергии, некои хербални лекови (на пример, седатив валеријана) и инсулин и лекови за дијабетес (можат индиректно да влијаат на способноста за реакција),

• за висок крвен притисок (можат да предизвикаат вртоглавица и непријатност),

• против сува кашлица (можат да влијаат на централниот нервен систем и да предизвикаат поспаност).

Осигурување при сообраќајна незгода поради болест

Болеста или ненадејната акутна здравствена состојба е непредвидлива околност. Ако се случи сообраќајна незгода поради таква причина, во секој случај сте покриени со осигурување од автомобилска одговорност. Како причинител на незгодата, не го губите правото на осигурување од задолжително автомобилско и каско осигурување на возилото.

Секако, потребно е да се докаже дека сообраќајната несреќа се случила поради ненадејни здравствени проблеми. За да се докаже причината, доволна е медицинска документација или во случај на смрт – обдукциски извештај за причината за смртта.

Причинителот на незгодата, која што се случила поради нагло влошување на здравствената состојба на возачот, не ги губи правата од осигурување од автомобилска одговорност или од каско осигурување на автомобилот.

Сосема различни се правилата за остварување на правото на осигурување на возилото, доколку предизвикате сообраќајна несреќа додека сте под дејство на лекови, за кои што важи забрана за возење при нивно конзумирање. Во тој случај ги губите правата од осигурување, исто како кога возите под дејство на алкохол, бидејќи свесно ги прекршувате правилата. Во исто време, треба да ѝ ги надоместите на осигурителната компанија трошоците, што ги исплатилa на другиот учесник во незгодата, што сте ја предизвикале.

Не можете ниту да тврдите дека не сте знаеле дека не треба да возите додека земате одредени лекови. Ако предизвикате незгода затоа што сте под дејство на лекови, за кои што важи забрана за возење, вината ќе биде ваша, слично како во случај на допинг, за кој што исто така незнаењето нема влијание врз одредување на вината во случај на инцидент.

Никогаш не можете со сигурност да знаете што може да ви се случи во следниот момент, затоа реално проценете ги своите способности, а доколку ви се случат здравствени проблеми додека возите, не ги загрозувајте другите и помогнете си што побргу.

Извор: Vse bo v redu.

TEST BANNER

Ne propustite!

Izbor najnovijih priča i saveta za bezbrižnu svakodnevicu.

Prijava na newsletter

Следете нѐ на