Мерки што треба да ги преземете, за да спречите истекување на вода од машината за миење садови.
Излевањето на вода од машината за миење садови е еден од нашите најлоши кошмари. Важно е да се внимава дали машината има двојна заштита за излевање на вода од цевките, на кои што е поврзана машината и од самата машина. Доколку имате машина, која што нема заштита од излевање на вода, проверете дали вентилот за довод на вода е секогаш затворен. Отворете го само додека работи машината. На овој начин ќе може да работи само додека сте дома.
Што да направите доколку истекува вода?
Доколку истекува вода од машината за миење садови, прво затворете го вентилот, а потоа соберете ја водата што е можно побрзо, особено водата под кујнските елементи. Најлесен начин да го направите ова е да користите крпа и кофа или правосмукалка што може да вшмукува вода.

Не користете правосмукалка, што нема опција за вшмукување вода и не сушете со фен; не е безбедно и ризикувате да ги расипете уредите.
Oткако ќе ја избришете водата од подот, веднаш проветрете ја просторијата, посветувајќи особено внимание на подовите, кои што можеби веќе апсорбирале многу вода.
Реставрација на оштетениот под
Реставрацијата на оштетените подови зависи од видот на подот и степенот на оштетување. Ламинатот, кој што се поставува со клик, лесно се заменува, додека поправката на залепениот ламинат бара повеќе работа. Ламеларниот паркет лесно се поправа, со малку упорност може да се исуши и повторно да се монтира.
За класичен паркет, ако е натопен со вода, проветрувањето на просторијата нема да помогне многу, бидејќи водата веројатно го поместила паркетот и создала пукнатини. Во принцип, реставрацијата не може да го врати истиот изглед на подот. Замената на целиот паркет е доста сложена, бидејќи бара отстранување на целиот мебел, поправка на основата, на која што е поставен паркетот, па дури потоа, поставување на паркетот и враќање на мебелот, како и предметите за домаќинството во домот. Помалите поправки можете сами да ги направите, додека за посложените препорачуваме да ангажирате професионалец.
Доколку имате пакет за осигурување на дом на Триглав, пријавете ја штетата во осигурителната компанија што е можно поскоро. Ако е можно, направете неколку фотографии, за да имате докази кога ќе дојде проценителот.
Каков под да изберете?
Изборот на подови во кујната не е едноставен. Секогаш се случува да истуриме нешто кога работиме во кујната. Првиот услов за избор на под мора да биде леснотијата на одржување, а вториот мора да биде издржливост. Ламинатот е прилично чувствителна површина, додека фурнираните подови, чиј изглед е сличен на ламинатот, се поотпорни и имаат поцврста структура. Доста практични подни облоги се оние направени од пластика (ПВЦ, линолеум) или пластифицирана плута.
Паркетот е помалку погоден, бидејќи по неколку години оштетувањето станува видливо на местата кои се најекспонирани, па од тој аспект се претпочита паркетот да биде масивен и со повеќе слоеви. Популарни се паркетните подови подмачкани со масло, кои бараат редовно одржување. Најпрактични се керамичките плочки, а најмалку погодни се теписите. При изборот на подови, внимавајте на естетскиот аспект, да одговара на ѕидот, таванот, опремата и кујнските елементи.
Извор: Vse bo v redu.