Колку отрови има во цигарите?
Во цигарите се наоѓаат 4000 отрови кои доброволно ги внесувате во вашето тело, а притоа плаќате за истото.
Најпознат е никотинот, соединение кое предизвикува зависност. Свесно смислен да предизвика зависност. Тука се различните видови на катран (околу четириесет катрански соединенија), кои што ги оштетуваат и предизвикуваат рак на белите дробови, а воедно предизвикуваат бројни респираторни проблеми. Други примери се амонијак, којшто се користи како средство за дезинфекција во тоалети, толуен, познат како индустриски растворувач, јаглерод моноксид, на сите добро познат отровен гас, кадмиум е мек метал, којшто се наоѓа во батерии и така натаму.. Покрај овие, се додаваат и бројни ароми и адитиви, кои што ги прават цигарите “прифатливи” за конзумирање.
Што се случува кога ќе запалите цигара?
Кај пушењето цигари постојат моментални и долгорочни последици на организмот. Комбинацијата од овие фактори може да доведе до многу сериозни и по живот опасни реакции на вашиот организам. Кога ќе запалите цигара, вашиот организам се “штити”, односно се забрзува срцебиењето, се зголемува крвниот притисок, се отежнува дишењето, сите ткива чувствуваат намалување на кислород.
Кои се долгорочните последици врз организмот?
Пушењето предизвикува рак на белите дробови и бронхии, исклучително го зголемува ризикот од рак на грлото и усната шуплина, оштетување на крвните садови. Покрај тоа, пушењето предизвикува хронична белодробна болест, импотенција и неплодност, развој на болести на непцата и забите, го зголемува ризикот од рак на бубрезите, мочниот меур и матката, штети на дигестивниот систем.
Како се станува зависен од цигари?
Зависноста од цигари се создава многу брзо. Како и големиот број на нивики, сѐ започнува со повремено конзумирање, но води кон трајно. Една цигара не води кон завист, но секое понатамошно конзумирање несомнено води кон зависност, бројни здравствени проблеми и намалувањае на буџетот! Она што е апсурдно во таа опасна и нелогична навика е дека конзумирањето цигари не е пријатно. Често се јавуваат мачнини, вртоглавици, кашлици, немир, тегоби, непријатен мирис, само затоа што нашиот организам се заштитува од овие отрови.

Како да си помогнете да ги оставите цигарите?
Откажувањето од цигари е индивидуално. Пушењето не е едноставна навика, но секако дека можете да се одвикнете. Некои луѓе полесно се престануваат со пушењето со нагло и потполно откажување, други се откажуваат постепено. За некои е потребна поддршка од блиските, или од група на луѓе, па за нив се препорачува групна терапија, за некои корисно е да направат план и да си зададат цели, да следат кога се јавува потребата и зошто. Кога ќе научите да ги препознавате тие кризни моменти, се препорачува да се преокупирате со нешто друго, што е важно, интересно и пријатно. За секој мал успех, треба да се наградите со нешто во што уживате. Покрај тоа, одличнен аргумент против пушењето е и пресметката за заштеда поради престанокот на пушење и пренаменување на тие средства за нешто друго, што ве прави среќни и весели.
За крај…
Пушењето е опасна и скапа зависност. Не треба да дозволите една цигара, која што содржи 4000 отрови да ви го загрозува животот, слободата и буџетот. Зарем не е нелогично да издвојувате толку финансии за куп хемикалии, кои го трујат вашиот организам и управуваат со вашиот живот?
Сакајте се доволно и оставете ги цигарите.
Извор:





