Не пропуштајте!

Избор на најновите совети и информации за безбрижно секојдневие.

Сѐ ќе биде во ред  | Triglav.mk

Совети за намалување на ризикот од пожар во вашиот дом

Неколку мали совети можат значително да ја подобрат безбедноста и да го намалат ризикот од пожар во Вашиот дом, како и да осигураат најмала штета доколку несаканиот настан се случи:

•Постојано одржувајте ги апаратите и инсталацијата, со особен акцент на постарите уреди;

•Внимавајте кога користите извори на топлина (при готвење, пеглање) и отворени извори на оган. Најчестите причини за пожар во станбени објекти се поврзани со неправилна и невнимателна употреба на извори на топлина;

•Чувајте ги најбитните предмети во складишта кои овозможуваат адекватна заштита;

•Овозможете правилна заштита на вашите податоци на електронските уреди (складирање на надворешни локации или на онлајн сервери);

•Доколку се случи пожар, најпрвин обидете се да го изгаснете со правилниот метод (противпожарен апарат, противпожарно ќебе, вода, земја, итн);

•Во случај на посериозен пожар, веднаш повикајте ја Противпожарната единица во вашето населено место на бројот 112;

•Запознајте се со начините за ракување на противпожарниот апарат и поставете го на лесно достапна позиција во Вашиот дом;

•Апаратот постојано носете го на проверка согласно гарантниот рок;

•Размислете за план на евакуација на вашиот дом доколку ситуацијата излезе од контрола.

TEST BANNER

Ne propustite!

Izbor najnovijih priča i saveta za bezbrižnu svakodnevicu.

Prijava na newsletter

Следете нѐ на