Петте најчести штетници и совети како да се ослободите од нив
Лисни вошки, полжави, компирова златица… Некои градинарски штетници можат да предизвикаат мала штета, додека други пак можат да ја уништат целата салата за една ноќ. Многу брзо, нашиот труд и време вложени во градината, можат да бидат изгубени. Се консултиравме со експерти, кои ни објаснија како да ги препознаеме штетниците, да дознаеме зошто се појавуваат и како да ги отстраниме.
Лисни вошки
Тие се многу мали инсекти, кои се хранат со растителен сок. Овие вошки може да се појават на многу растенија, како зелена салата, грав, јагоди, боранија, на цвеќињата и на други места. Тие предизвикуваат виткање на листовите, листовите пожолтуваат и стануваат лепливи, често придружени со појава на мравки.
Лисните вошки може да се спречат со домашни препарати или пак природни производи, кои што се лесно достапни.
Најлесен и најприроден препарат против лисните вошки е раствор од природни коприви, што можете сами да го направите. Копривите се потопуваат во вода 24 часа (приближно еден килограм коприва на 10 литри вода). Вака подготвениот препарат филтрирајте го и веднаш можете да ги испрскате нападнатите растенија. Внимавајте копривата да не стои повеќе од 24 часа, бидејќи тогаш заштитниот препарат се претвора во ѓубриво.
Полжави
Полжавите можат да бидат голем проблем во градините и дворовите, бидејќи се хранат со различни растенија, како што се зелка, карфиол, зелена салата и лисја од најразличен зеленчук и цвеќиња. Превенцијата е најважна, бидејќи пред сѐ, треба да ги спречиме полжавите да влезат во градината. Пожелно е работ на градината убаво да се уреди, односно да не е поврзан со тревата.
Отстранете ги дрвените штици и други елементи од градината, под кои што полжавите можат да се сокријат и да се размножуваат. Исто така, внимавајте да нема премногу влажни површини.
Полжавите се најактивни навечер, па често може да ги фатите “на дело” и лесно да ги отстраните. Пролетта е вистинско време да се води “оваа битка” во градината.
Бела мува – мува која ја напаѓа зелката
Белата мува или мува од зелка, најчесто ги напаѓа растенијата како зелена салата, карфиол, брокула… За кратко време може да го уништи коренскиот врат или приземниот дел од нашите растенија (па дури и целото растение).
За оваа мува најдобро решение е да се постават ентомолошки мрежи над растенијата.
Физичката заштита од штетници е најефективната мерка. На тој начин мувата не стигнува до расадот и не вади ларви, кои подоцна го уништуваат расадот.
Компирова златица
Оваа бубачка има високо развиена тактика за движење низ градините. Се храни со листови од компир, домат и модар патлиџан. Овие бубачки можат да летаат на долги растојанија во потрага по храна и брзо да најдат нов дом. Ако ги игнорирате, тие брзо ќе се размножат и ќе го загрозат целото растение. Поради оваа причина, бубачките најдобро е физички да се отстранат и да се проверуваат погодените растенија. Нив ги одбива мирисот на растенијата како што се рен, камилица и грав.
Дали имате споредна просторија, каде што ги чувате вашите резерви за контрола на штетници, алатки или косилка за трева? Smart и Comfort пакетите за осигурување на дом ви нудат опција за дополнителни покритија, кои што ќе ги заштитат овие простории и предметите сместени во нив.

Извор: Vse bo v redu