Не пропуштајте!

Избор на најновите совети и информации за безбрижно секојдневие.

Сѐ ќе биде во ред  | Triglav.mk

Проверете што ви треба за скијање во странство

Дали веќе имате сѐ што ви треба за вашиот одмор?

Одите на скијање во странство? За да бидете опуштени на скијачките патеки, потребна ви е соодветна опрема и осигурување. За да ви го олесниме планирањето на зимскиот одмор и да ви помогнеме максимално да уживате во него, проверивме што ви треба за оваа авантура.

За безбедност на скијачките патеки

Без разлика во која земја одите, освежете го вашето знаење за правилното однесување на учесниците на скијачките патеки. За да се обезбеди сопствената безбедност и безбедноста на другите скијачи, задолжително е да се следат правилата на Алпскиот код. Правилата го опфаќаат одговорното однесување на секој учесник на скијачките патеки, со цел да се спречат несреќи и повреди.

Покрај почитувањето на основните правила, соодветната и добро одржувана ски опрема е од суштинско значење за безбедноста. Посебно треба да бидете внимателни при изборот на вистинските обувки, кои не треба да бидат премногу мали или преголеми, инаку брзо можете да настинете, а можете и да се повредите поради несоодветната големина и потпора на чевлите.

За скијање е потребна добра физичка подготвеност. Пред да одите во ски-центар, се препорачува добро да се загреете, да направите вежби за истегнување и да ги повторите по скијањето.

Не заборавајте на скијачката кацига. Иако можеби не е задолжителна за возрасни, дефинитивно се препорачува, бидејќи може да помогне да се спречат посериозни повреди во случај на несреќа. Фактот дека носевте кацига, исто така, влијае на потенцијалната исплата на премија од осигурување.

Во странство само со соодветно осигурување

За секоја посета во странство, а не само кога одите на скијање, пожелно е однапред да обезбедите полиса за здравствено патничко осигурување, со која што ќе можете да се погрижите за сите оние непредвидени ситуации, кои што можат да ви се случат кога сте надвор од нашата држава.

Здравственото патничко осигурување ги покрива трошоците за итни услуги, кои што можат да бидат неопходни доколку ви се случи незгода во ски-центарот:

  • лекување поради незгода или болест,
  • превоз од странство во нашата земја. 

Во случај на незгода или болест во странство, нашиот партнер Europe Assistance е достапен 24 часа на ден на телефонскиот број + 381 11 41 44 102. Доколку имате пристап до интернет/WiFi мрежа, можете да пријавите осигурен настан со едноставно скенирање на QR-кодот на полисата, со бесплатен онлајн повик или преку онлајн апликацијата.

Здравственото патничко осигурување покрива многу повеќе 

Во ова осигурување вклучивме и други покритија, кои што мислиме дека можеби ќе ви требаат додека патувате: покривање на трошоците во случај на итно лекување и транспорт во рамките на договорената осигурена сума, како и покритие за случај на Ковид-19 од вирусот SARS COV-2.

Во рамките на полисата, опфатени се:
а) неопходни прегледи од овластен лекар и медицински оправдано тестирање за болеста Ковид-19, доколку се појават симптоми, со цел да се дијагностицира и да се обезбеди итна медицинска помош;
б) набавка на лекови во амбулантско лекување, препишани од лекар;
в) болничко лекување;
г) репатријација.


Дали секое спуштање по белите падини ви претставува натпревар или повеќе сакате да скијате бавно и внимателно? Со помош на нашиот тест проверете колку сте безбеден и одговорен скијач.

Да ги погледнеме другите особености и правила, што важат за скијачките центри во некои популарни европски земји.

Ски центри во Италија

Употребата на кацига е задолжителна за сите посетители на италијанските скијачки центри на возраст под 18 години, а има ограничување на содржината на алкохол од 0,5 промили.

Ски центри во Австрија

Употребата на кацига е задолжителна за деца до 15 години.

Ски центри во Швајцарија, Франција и Германија

На скијачките центри во овие земји употребата на кацига не е задолжителна, но дефинитивно се препорачува.

Извор: Vse bo v redu.

TEST BANNER

Ne propustite!

Izbor najnovijih priča i saveta za bezbrižnu svakodnevicu.

Prijava na newsletter

Следете нѐ на