1. Во случај на штета на вашето возило, предизвикана од страна на друго возило, барањето за надомест на штета треба да го поднесете во осигурителната компанија во која е осигурено лицето кое ја предизвикало штетата.
2. Доколку на вашето возило е причинета штета од страна на неосигурено возило, тогаш барањето за надомест на штeтата го поднесувате во осигурителната компанија во која сте осигурени.
3. Во случај на штета предизвикана од непознато моторно возило, не може да се бара надомест за материјална штета, односно надомест за оштетено возило. Поднесок за надомест можете да побарате само за нематеријална штета, што подразбира смрт, телесна повреда и нарушување на здравјето и во тој случај барањето за надомест на штета се поднесува во Националното биро за осигурување.
4. Доколку штетата на вашето возило е причинета од страна на странско моторно возило, барањето за надомест на штета се поднесува до Националното биро за осигурување, или во осигурителната компанија во Македонија, која има склучено коресподентски договор со одговорното странско осигурително друштво. Информацијата дали и која компанија во Македонија има коресподентски договор со странската осигурителна компанија треба да го побарате во Националното биро за осигурување.

Извор: Vse bo v redu