Инвалидноста по несреќа, го превртува животот наопаку. Сè мора да се учи одново, сè мора да се прилагоди на новите предизвици, па дури и домот. Во овој текст, зборуваме за уредување на живеалиште погодно за лица со физичка попреченост, а параолимпиецот Анеј Доплихар го споделува своето искуство со нас.
Инвалидитетот предизвикан од сообраќајна несреќа, повреда на работа, пад или друга несреќа носи многу предизвици во секојдневниот живот за кои претходно не сме ни размислувале. Непристапни објекти, премногу тесни премини, високи полици во продавниците – работи на кои никогаш не сте обрнувале внимание, одеднаш стануваат вистински препреки. А, што ако и вашиот дом повеќе не ви одговара?
Што треба да се прилагоди за домот да биде погоден за лица со инвалидитет?
Домот што некогаш бил сигурно и удобно прибежиште, по несреќата што довела до инвалидитет, може да се претвори во место полно со пречки. Понекогаш, дури и со адаптации, станува јасно дека домот не може да се приспособи и се јавува потреба од преселување. Но, дури и ако можете да останете во истиот простор, промените ќе бидат неопходни. Правилната адаптација е клучна за одржување на квалитетот на живот и колку што е можно поголема самостојност.
Скали и прагови
Во куќи на повеќе ката, секој чекор претставува препрека и може да го отежне пристапот до одредени простории. Движењето со количка или патерици е тешко и поради ниските прагови. Овие препреки, може да се надминат со поставување рампи, монтажни лифтови или класичен лифт – што е најдобро решение за повеќекатни куќи.
Бања
Класичните кади стануваат непрактични и опасни, бидејќи влегувањето и излегувањето бара голем напор. Умивалниците и тоалетите, честопати се недостапни поради нивната висина. Обично, кадата се заменува со туш-кабина со седиште, умивалникот се спушта, се поставуваат прилагодени тоалети и држачи за полесно движење и капење.
Врати и ходници
Тесните врати и премини го отежнуваат движењето со количка, особено ако има многу мебел. Проширувањето на вратите и ходниците овозможува слободно поминување.
Кујна
Стандардните кујнски елементи, често се неприлагодени за лица во количка. Работните површини треба да се спуштат за да се овозможи пристап до шпоретот, рерната, фрижидерот и апаратите. Важно е, и да има доволно простор за движење и вртење со количка.
Соби
И овде постојат препреки. Стандардниот кревет може да биде премногу висок, а покрај него мора да има простор за поставување и маневрирање со количка.
Колку чини прилагодувањето на домот?
Секој што неодамна реновирал, знае дека дури и најмалиот зафат може да чини илјадници евра. Приспособување на бања може да достигне неколку илјади евра, а замена на една врата со поширока, може да чини околу 500 евра. Специјални лифтови за лица со физичка попреченост може да чинат и до 20.000 евра.
Лично искуство на параспортистот Анеј Доплихар
Анеј Доплихар, успешен словенечки спортист, кој го освои четвртото место на Светското првенство во друмски велосипедизам за лица со попреченост во 2024-та година, заврши во инвалидска количка по несреќа со мотор. Со силна волја и неисцрпна енергија, веднаш почнал да го зајакнува горниот дел од телото. „Облекувањето и движењето одземаат повеќе време отколку кај здрава личност,“ вели Анеј.
Но, силата и позитивниот став не се доволни – неопходно е да се размислува и за адаптација на домот. „Дури кога ќе се вратите дома во инвалидска количка, сфаќате каде се сите препреки и што сè треба да се промени. Живеам со родителите на првиот кат, а баба ми е на приземје. Се сеќавам колку беше заморно, кога моите родители мораа да ме носат по скали во количка. Секое скалило, секој раб без пристапен премин беше препрека. Секојпат, кога сакав да излезам или да се вратам дома, морав да чекам пред куќата за некој да ми помогне.“
Првата промена што ја направил била поставување на надворешен лифт. Тоа било пред речиси десет години, а тогашната цена била околу 20.000 евра. Со помош од пријатели, трошоците биле намалени. „Размислувам еден ден барем да го заменам моторот на лифтот, за да стигнувам побрзо до мојата соба,“ вели Анеј низ смеа. Тој не дозволува инвалидитетот да му го одземе животот. Последната адаптација била израмнување на подот во гаражата, за да може полесно да го подготвува својот тркачки велосипед. „Се трудам да не ги комплицирам работите, но без прилагодувања, мојот живот би бил сосема поинаков.“
Со осигурување, адаптацијата е полесна
Никој не сака да биде ограничен од последиците на несреќа, но мудро е да се размислува однапред. Квалитетот на животот во таква ситуација, често е поврзан со високи трошоци, кои делумно може да се покријат со заштеди или пензија. Сепак, полесно е да се надминат предизвиците со исплата на осигурена сума за траен инвалидитет, која може да се добие еднократно и/или преку ануитети. Со тие средства, можете да го прилагодите домот според вашите потреби и да продолжите да живеете пријатно и безбедно.
Дознајте што може да ви понуди финансиската сигурност, преку осигурување од траен инвалидитет, како дел од дополнително осигурување од несреќа во рамки на животно осигурување. Тоа не само што ви помага полесно да се прилагодите на новите услови, туку може да ги покрие и трошоците за медицински третман или месечните обврски, како што се кредити и други животни трошоци, доколку поради несреќа ја изгубите способноста да ги извршувате основните секојдневни активности.
Со правилна комбинација на дополнителни покритија во рамки на животно осигурување, можете да си овозможите поголема сигурност и независност, без разлика на околностите.
Извор: Vse bo v redu.





