„Поплава во кујната!“ – е огорчениот повик за помош што често го добиваме во Триглав осигурување.
Никој не планира вакви околности, но не е невозможно после работа наместо вечера да ве чека “поплава” во кујната.
Во такви случаи, особено ако се работи за станбена единица во зграда, не се работи за поплава туку за излевање на вода.

Поплава се јавува како последица на природни катастрофи.
Во медиумите почесто се споменува поплава отколку излевање вода. Со оглед на ова, не е невообичаено луѓето да ги поистоветуваат овие два различни термини.
Освен други ризици (пожар, невреме, град), од ризик од поплави може да се осигурат и членовите на домот.
Поплава, значи, е и појавата на вода поради врнежите, поточно спонтана појава на вода, која тече по патишта и патеки, создавајќи порои поради екстремно обилните дождови. Подземните води исто така се сметаат за поплави.

Излевањето на водата пак, најчесто настанува како последица на оштетување во внатрешноста на зградата
Кај повеќе катните згради почесто ни се заканува можност за истекување на вода од водоводни или одводни (канализациони) цевки, уреди за греење со пареа или други уреди поврзани на цевководната мрежа.
Осигурувањето за истекување вода покрива штета што може да настане ако овие цевки или апарати се оштетени или блокирани, но само ако ги одржувате таквите апарати и цевки правилно и редовно.
Внимание! Доколку ги оставите славините отворени или заборавите да ја исклучите водата, осигурувањето нема да ја покрие штетата во овој случај.
Помошта во вашиот дом што ја имате како дел од осигурителниот пакет ќе ви помогне и да ја поправите штетата со помош на домашната асистенција
Пријавете ја штетата што е можно поскоро и сè ќе биде во ред.
Ако е можно, направете неколку фотографии и зачувајте докази за штетата додека не пристигне проценителот.
Штетата можете да ја пријавите онлајн или со доаѓање во нашите простории. Подетални упатства како и потребни обрасци може да се најдат на линкот Пријава на штети (triglav.mk)