Не пропуштајте!

Избор на најновите совети и информации за безбрижно секојдневие.

Сѐ ќе биде во ред  | Triglav.mk

Митови за автомобилското осигурување

Кога станува збор за осигурувањето на автомобилот, мислењата се различни. Затоа ви откриваме што е вистината, а што навистина е само мит.

Осигурителната компанија е заинтересирана и за бојата на автомобилот што го осигурувате?

Можеби е точно дека возачите на црвени автомобили плаќаат повеќе казни за брзо возење, но тоа не значи дека поради тоа премиите за осигурување им се зголемуваат. Осигурителните компании се повеќе заинтересирани за вредноста, моделот и годината на автомобилот, како и моќноста на моторот. Возењето без искуство најчесто се смета за зголемен ризик, додека возраста на сопственикот на возилото придонесува за намален ризик.

За да ве советуваме за осигурителни пакети, ќе ви поставиме неколку прашања како: колку километри возите годишно, дали имате гаража, бидејќи тогаш возилото не е изложено на природни влијанија и е помалку изложено на кражба, или најчесто возите на фреквентни места, бидејќи статистички најмногу несреќи се случуваат таму, дали го оставате возилото на паркинг во текот на денот итн.

Никој нема да украде стар автомобил, па осигурувањето од кражба е сосема непотребно.

Не е вистина. Истражувањата покажале дека старите автомобили се полесен плен и полесно се препродаваат на делови. На листата на најпопуларни автомобили за кражба се брендовите Volkswagen и Renault, како и Audi, Mercedes, BMW и Opel.

Имам осигурување кое ми нуди заштита доколку мојот автомобил е украден, уништен или оштетен од ветер, пожар или поплава.

Не постои универзално осигурување на возила кое би одговарало на сите, но затоа постои основно осигурување плус дополнителни ризици согласно важечките услови на Триглав осигурување.

Затоа, најчестите ризици се покриени со каско осигурување, кое покрива инциденти во сообраќајот и во мирување, штети предизвикани од постапки на трети лица и штети од посебни настани како што се пожар, невреме, удар на гром, град, снежна лавина и други причини.

Без разлика за какво ниво на осигурување ќе се одлучите, висината што ја обезбедува осигурителната компанија зависи од висината на осигурувањето, какво осигурување ви треба, каква форма на финансирање ќе изберете и какви се вашите потреби. Контактирајте не и дознајте кои се најдобрите опции за вас.

Izvor: Vse bo v redu.

TEST BANNER

Ne propustite!

Izbor najnovijih priča i saveta za bezbrižnu svakodnevicu.

Prijava na newsletter

Следете нѐ на