Не пропуштајте!

Избор на најновите совети и информации за безбрижно секојдневие.

Сѐ ќе биде во ред  | Triglav.mk

Доктор Google или доктор по медицина – кој да се избере?

Зошто не треба да се потпирате на интернет за здравствени совети

Имавте неколку непроспиени ноќи. Станувате уморен, ве болат мускулите. Ги внесувате симптомите во пребарувачот и, меѓу другото, наидувате на дијагноза на болест на тироидната жлезда. Иако, всушност, можеби сте само ненаспани, додека не го посетите вашиот личен лекар, ќе бидете загрижени за сопственото здравје. Само кога ќе разговарате со него, ќе се смирите и ќе ги добиете вистинските совети и насоки. Затоа, не се потпирајте на статии на интернет, бидејќи тоа може дополнително да ве вознемири.

Информациите на интернет и во вашето опкружување честопати можат да бидат застрашувачки и, пред сè, лажни. Затоа, барем за здравствените прашања кои што ве засегаат вас или вашите деца, вреди да се усвои советот на најпознатиот баснописец Езоп: „Не верувајте во сè што ќе слушнете“.

Опасноста на самодијагностиката

Повеќето здравствени совети кои што ги добивате од вашите најблиски, пријатели и познаници се добронамерни. Многу од оние на кои што ќе наидете на интернет се безопасни. Но, „онлајн клиниките“ и некритичкото прифаќање на спротивставени мислења можат да предизвикаат непотребна загриженост. Самодијагностицирањето е поврзано со многу опасности кои треба да се избегнуваат.

Несоодветност на информации и проценка на нивната точност:

Проценувањето на точноста на информациите на интернет е многу тешко за луѓето кои што не се експерти. Здравствените податоци на владините веб-страници се најточни. Релевантноста на информациите нагло опаѓа на спонзорираните и информативните сајтови, а особено на оние создадени од поединци без професионална компетентност, каде што повеќето информации не се поврзани со вистинскиот проблем или се дури и неточни.

Песимистот може да ве исплаши гледајќи ги вашите симптоми, а оптимистот може да ве убеди дека тие не значат ништо, иако не може да се биде сигурен. Затоа единствен правилен избор за препознавање и лекување на состојбата е лекарот.

Прекумерна самодијагностика:

Сите поединци кои што не се во медицинското поле ги толкуваат информациите, дури и ако се релевантни, на свој начин. Главоболката може да се објасни и како симптом на тумор на мозокот, а не како резултат на настинка. Болката во зглобовите може да се протолкува како фибромијалгија, иако може да биде само лигамент. Кога ќе ги прочитате можните резултати на вашите симптоми пред да ги добиете вистинските информации, почнувате да размислувате за медицински состојби кои можеби немаат никаква врска со реалноста.

Сајберхондријата – прекумерна грижа за сопственото здравје, како резултат на погрешно толкување на информациите на интернет – станува се поголем проблем. Кралскиот колеџ во Лондон објави проценка дека се смета дека дури 20 отсто од онлајн корисниците страдале од тоа. Со прекумерна грижа, предизвикувате вознемиреност, како за себе, така и за најблиските. Вистинскиот лек за киберхондрија е разговор со лекар.

Премногу смирувачка самодијагностика:

Иако претераната реакција е почеста, онлајн информациите исто така можат да бидат лажно смирувачки. Во овој случај, можете да ја пропуштите можноста да реагирате навремено во ситуации кои се посериозни од онаа што ја покажува мрежата.

Симптомите на посериозна болест ќе оневозможат некои поединци, додека други ќе функционираат нормално до моментот кога ќе се појават компликациите на болеста. Затоа е неопходен индивидуален пристап при проценката. Ниту една целосна информација не може да биде подобра од совет од лекар.

Критички проценете го квалитетот на информациите на интернет. Запрашајте се:

Зошто совет од доктор?

Тешко е да се прифати дека, освен во итни ситуации, терминот за посета на вашиот лекар или лекарот на вашите деца може да биде неколку дена по повикот.

Ниту една веб страна, без разлика колку е професионална, не може да го замени тоа, дури и ако се работи за телефонски разговор. Веб страните можат да бидат помош и насока, но тие не можат да бидат дел од решението. Еднонасочната комуникација нема да ве одведе многу далеку на патот кон здравјето. Решението лежи во комуникацијата, која треба да се одвива во двете насоки – со прашања, одговори и размислувања.

Каде се здравствените совети?

Читајќи бескрајни страници со статии и форумски дебати на тема здравје, не само што ја зголемувате сопствената конфузија, но и честопати по повеќечасовното пребарување на интернет, откривате дека информациите што ги наоѓате не можат да ви помогнат. Вака бесцелно го губите времето, иако знаете дека е важна навремената реакција.

Лошиот совет може да предизвика непотребни грижи и губење време, па дури и пари на непотребни здравствени услуги. Затоа, склучете доброволно здравствено осигурување и вложете во најважното.

Извор: Vse bo v redu

TEST BANNER

Ne propustite!

Izbor najnovijih priča i saveta za bezbrižnu svakodnevicu.

Prijava na newsletter

Следете нѐ на