Црна Гора е мала, но многу разновидна земја, со многу можности за одмор.
Нашите колеги од Ловќен осигурување, кое е дел од Групација Триглав, препорачуваат капење во Которскиот залив, адреналински одмор на Тара или прошетка во кањонот Невидио. Посетата, велат ќе биде комплетна, доколку уживате во нивните кулинарски деликатеси.
РЕПУБЛИКА ЦРНА ГОРА
Број на жители: 620.029
Главен град: Подгорица
Највисок врв: Боботов Кук (2523 m), Националниот парк Дурмитор
ДЕСТИНАЦИИ
Бока (Бокакоторски залив)
Тоа е долг и поделен залив на крајниот север на црногорскиот брег на Јадранското Море, кој што многумина погрешно го сметаат за најјужниот европски фјорд. Заливот, кој што е дел од светското културно наследство на УНЕСКО, се состои од многу помали заливи, поврзани со тесни канали. Заедно, тие го формираат едно од најубавите природни пристаништа во Европа.
Градот Пераст е мала населба на брегот на заливот, кој што вреди да го посетите. Најубавиот пример на барокна градба на Јадранскиот брег, со многу палати, цркви, уметнички дела, кои сведочат за некогашната големина, сјај и богатство, особено од 17 и 18 век. Уште два бисери во Бока Которска се природниот остров Свети Ѓорѓе и вештачкиот остров Госпа од Шкрпјела.
Река Тара – адреналин, мир и убавина
Прва по популарност, по број на обожаватели, покровители, број на песни. Ја нарекуваат и солзата на Европа, бидејќи се смета за најчиста река на Стариот континент.
Кањонот Тара е просечно длабок 1.000 метри, а на некои места дури и 1.300 метри. Се наоѓа на топ-листата на светски дестинации за рафтинг и е вистински рај за љубителите на адреналинот и авантурата. Ако сакате возбуда, натпревар со себе и брза река полна со изненадувања, или пак мир, одмор, враќање во природата – сето тоа ќе го најдете на Тара.
По многу возбудливи моменти, кога брзаците и водопадите ќе ви го одземат здивот, мирен ручек на брегот е токму она што ви треба. Опции за тоа има многу, а специјалитетите од овој регион се јагнешко месо, павлака, сирења, пастрмка и печен леб.
Комарница и кањонот Невидио
Дестинација за љубителите на природата. Кањонот Невидио е дел од реката Мала Комарница, која што извира во подножјето на јужниот дел на Дурмитор, поточно во Добро Дол. Исчезнува и повторно се појавува во скротена речна долина како постојана река. На самиот крај на долината започнува кањонот Невидио, кој што е последниот откриен кањон во Европа. Просторот околу влезот е еден од најубавите во областа Дурмитор. Уште од првата средба, овој кањон ќе ве маѓепса со својата прекрасна и необична убавина. Поголемиот дел од кањонот е во постојана сенка, бидејќи сончевите зраци, поради стрмните карпи, не можат да допрат до дното. На некои места е потесен и од еден метар, а на некои места може да се помине само со помош на опрема за планинарење.
Обезбедете соодветно осигурување пред да патувате и препуштете се на шармот што го носи патувањето и уживајте во истражувањето на културно-историските споменици и природните убавини на Црна Гора.
