Хрватска е полна со знаменитости, но во лето не смеете да ја пропуштите посетата на нејзиното прекрасно крајбрежје.
Ако не сте сигурни каде да одите на одмор, нашите совети можеби ќе ви помогнат. Како групација, ние сме дома во најубавите места од регионот. Затоа, ги замоливме нашите колеги да ги споделат со нас познатите и скриени места во нивните прекрасни земји и да предложат што да посетиме. Погледнете што ни беше препорачано во Хрватска, каде што работи нашата компанија Триглав Осигурување Загреб.
РЕПУБЛИКА ХРВАТСКА
Број на жители: 4,28 милиони
Главен град: Загреб
Најдобро време за посета: од април до септември
Дестинации
Дубровник – најпознатиот и најубав град на приморјето
Со своите градски ѕидини и кули, прекрасна архитектура и цркви, Дубровник е една од најпопуларните дестинации во регионот. Посетете го и погледнете ги автентичните локации, каде беше сниман серијалот „Game of Thrones“.
Наш совет е задолжително да ја посетите тврдината Св. Иван, во рамките на градските ѕидини на Дубровник. Се наоѓа на јужната страна и нејзината главна задача била одбраната на градското пристаниште. Денес во неа се сместени Поморскиот музеј и Аквариумот.
Препорачуваме и возење со жичара, која за само четири минути ве носи до 405 метри надморска височина на ридот Срѓ, од каде што можете да уживате во прекрасен поглед на градот.
Посетете ги хрватските острови со пловење – многу популарно и прекрасно искуство на вистинскиот Медитеран
Јадранското море е дом на стотици острови и нуди одлични можности за едрење. Ако пловите сами, достапни ви се многу опции; можете да ги истражите далматинските острови Шипан и Корчула, кои се украсени со прекрасна венецијанска архитектура или можете да го изберете Хвар, за кој што се вели дека е најсончевото место во Европа. Хвар има и францискански манастир и кула со прекрасен поглед. Овие и многу други острови, можете да ги видите доколку се одлучите за некоја од бројните понуди на организирано групно едрење.
Романса на пуст остров – помалку позната и посебна
Доколку сакате романтичен одмор, посетете го островот Колочеп, на само 30 минути од Дубровник. Со 165 жители и нула автомобили, нуди мир и тишина. Kalamota Island Resort, единствениот хотел на островот, е резервиран само за парови.
Обезбедете соодветно осигурување пред да патувате и препуштете се на неодоливиот шарм на хрватското крајбрежје.
