Не пропуштајте!

Избор на најновите совети и информации за безбрижно секојдневие.

Сѐ ќе биде во ред  | Triglav.mk

Животот не е филм

Што можат погрешно да нѐ научат филмовите за осигурувањето на живот? 

Дали имате омилен филм? Зошто токму тој филм ви остави најдобар впечаток? Филмовите нè привлекуваат поради нивната приказна и сценарио, поради нивната неограничена филмска реалност, која што се разликува од реалноста што ја живееме. Тие дозволуваат повеќе и поставуваат свои правила. Проверивме неколку филмови, кои што погрешно го претставуваат осигурувањето на живот.

Филмскиот свет, во минатото, а особено во овој век го вклучува осигурувањето во своите содржини. Ако ја погледнеме само американската веб-страна со филмски критики IMDb.com, во нејзината база на податоци ќе најдеме повеќе од 1.700 филмови и ТВ серии кои го  содржат осигурувањето како клучен збор. Но, филмската уметност е сепак само уметност. Затоа, може да си дозволи креативна слобода и некои животни одлуки да ги преобликува и интерпретира на свој начин, дури и осигурувањето на живот.

Затоа погледнавме две филмски измами, кои што се производ на човечката имагинација. За секој филм го додадовме нашето стручно мислење и објаснување зошто овие измами во реалниот живот не би успеале.

1. Планирање на убиството во филмот „Поштарот секогаш ѕвони двапати“  (The Postman Always Rings Twice) од 1981 година.

Френк Чемберс е скитник, кој се вработува во мала таверна покрај патот во Калифорнија. Таму ја запознава Кора, младата и атрактивна сопруга на сопственикот на таверната. Френки и Кора започнуваат љубовна врска и набрзо почнуваат да планираат како да се ослободат од сопругот на Кора. Неколку дена пред убиството, Кора ја менува неговата полиса за осигурување и ја зголемува осигурената сума, која што би ја добила во случај на смрт на нејзиниот сопруг, иако подоцна на суд, Френк и таа не се обвинети за убиство. Осигурената сума не ја добиваат, бидејќи адвокатот успева да ги сврти убијците еден против друг.

Стручно објаснување: Кој може да бара промена на полисата за осигурување и дали промената може да важи од денес за утре?

Можни се промени на полисата, но за време на траењето на осигурувањето може да ги побара само договорувачот на осигурувањето, значи носителот на полисата, а не и корисникот, како што е случај во филмот. За сите промени на полисата за осигурување (на пример, промена на корисникот во случај на смрт или зголемување на осигурената сума) неопходна е и согласност од осигуреното лице. Промена без знаење на осигуреното лице, како што е прикажано во филмот, воопшто не е можна.

Промените вообичаено важат од првиот ден на следниот месец по поднесувањето на барањето, така што промената од денес за утре во осигурителната дејност не е пракса.

Доколку убиството било нарачано и договорувачот на осигурувањето (сопственикот на таверната) бил принуден да ја промени полисата за да се зголеми осигурената сума, повторно се соочуваме со проблемот поради измена од денес за утре, која што не е можна.

2. Грешка при уплата на осигурената сума во филмот Случајно богати жени (Wild Oats) од 2007 година

Животот на Ева, вдовица и пензионирана професорка по историја, се менува од корен, кога од осигурителна компанија по грешка ќе добие чек од пет милиони долари за осигурување на живот, наместо осигурената сума од 50.000 долари.

Стручно објаснување: Дали осигурителната компанија може да направи грешка при исплати од осигурување на живот?

Осигурителната компанија има воспоставено контроли, кои што спречуваат исплата на погрешен износ на осигурена сума и затоа е мала веројатноста дека ќе дојде до таква грешка.

Доколку исплатата била неоправдана, осигурителната компанија секако би барала враќање на парите.

Доколку клиентот не ги врати парите, противправно стекнатата корист би била наплатена по судски пат.

Споменатите филмови се доказ за тоа какви возбудливи сценарија може да измисли човековата фантазија, затоа се забавуваме со нив и ги гледаме во слободно време. Но, не смееме да ги сфатиме како пресликана реалност. Горенаведените примери покажуваат дека не е паметно да се учи за осигурувањето, особено животното, од филмови, туку да се прашуваат искусни експерти за нив.

Извор: Vse bo v redu.

TEST BANNER

Ne propustite!

Izbor najnovijih priča i saveta za bezbrižnu svakodnevicu.

Prijava na newsletter

Следете нѐ на