Не пропуштајте!

Избор на најновите совети и информации за безбрижно секојдневие.

Сѐ ќе биде во ред  | Triglav.mk

Како да заштедите енергија во домот

Постојат многу економични и едноставни мерки.

Не можеме да си го замислиме секојдневието без струја. Дома ја користиме за најразлични работи и активности, поради што претставува голем дел од трошоците на секое домаќинство. Може да се заштеди со купување поекономични апарати за домаќинство, реновирање, замена на прозорци и слични мерки, но сите тие значат и висока почетна инвестиција. Затоа, проверивме како можете да го направите тоа побезболно.

Економичен рачен туш

Во просечно домаќинство, греењето на водата сочинува околу 20% од годишната потрошувачка на електрична енергија. Со намалување на потрошувачката на топла вода, можете значително да ја намалите потрошувачката на енергија. Економичен рачен туш и аератори го намалуваат протокот на вода од 10 – 15 l/min на 7-8 l/min. На овој начин, можете да заштедите до 50% од загреаната вода. Инсталирањето е едноставно – само заменете ја главата на тушот.

Продолжен кабел за напојување со прекинувач

Потрошувачката на електрични уреди во комбинација со осветлувањето сочинува околу 20% од енергијата што се користи во куќата. Честопати оставаме многу уреди во режим на мирување. Иако ни е полесно, тие сепак користат енергија, некои дури и третина од енергијата што ја користат при работа.

На пример, се проценува дека во Велика Британија стотици милиони евра се трошат годишно на уредите во режим на мирување.

Со продолжен кабел, кој што има прекинувач, имате можност да ја исклучите целата електроника одеднаш.

Транспарентен термоизолационен филм за прозорци

Транспарентниот термоизолационен филм за прозорци, кој го залепувате директно на внатрешната страна на стаклените површини, може да помогне во решавањето на проблемот. Содржи премази со ниска емисија, кои што овозможуваат топлината да се рефлектира назад во загреаниот простор во зима. Со оваа заштита можете да ги намалите загубите на енергија на прозорците, а со тоа и сметката за парно греење и до 10 проценти. Инсталирањето е едноставно.

Прозорци и врати

Затворете ги отворите во близина на прозорците и вратите, низ кои што излегува топол воздух. Постојат неколку групи производи за запечатување. Самолепливите ленти се најевтината опција, лесно се монтираат, но нивниот животен век е пократок. Гумените или силиконските заптивки се поиздржливи и поефикасни. Брусените метални или пластични ленти се поиздржлива опција за врата, но тие чинат малку повеќе. Повеќето дихтунзи се лесни за монтирање, но ефикасноста на запечатувањето зависи и од квалитетот на инсталацијата.

Клуч за испуштање воздух од радијатори

Проветрувањето на воздухот во радијаторот ја зголемува ефикасноста на греењето и ги намалува загубите, што придонесува за помала сметка за греење и поголема удобност во домот.

Доколку има воздух во радијаторите, тие не се загреваат по целата површина, па затоа треба да се проветруваат. Клучот е евтина и многу лесна за употреба алатка.

Заштедата на енергија може да биде забавна.

Извор: Сè ќе биде во ред | Triglav.mk Дом

TEST BANNER

Ne propustite!

Izbor najnovijih priča i saveta za bezbrižnu svakodnevicu.

Prijava na newsletter

Следете нѐ на