Не пропуштајте!

Избор на најновите совети и информации за безбрижно секојдневие.

Сѐ ќе биде во ред  | Triglav.mk

Што ви нуди Триглав автомобилска асистенција

Повеќе од помош на патот. 

Кому ќе се јавите за помош ако ги заклучите клучевите во багажникот на колата, ако ви се дупне гума на патот среде ноќ, или се испразни акумулаторот бидејќи сте заборавиле да ги исклучите светлата…? Сигурен сум дека имате некого на ум. Но што ако тоа ви се случи во 3 часот наутро во странство? Тогаш отпаѓа идејата да се јавите на повеќето од оние за кои порано мислевте дека можат да ви помогнат. На кого можете да сметате во вакви случаи? 

3 пакети, 20 асистентски услуги, низ цела Европа 

Ако ви се случи слична непријатност на пат, вашиот најдобар придружник ќе биде автомобилската асистенција на Триглав Осигурување. Тоа е форма на осигурување која ви обезбедува 24-часовна помош – услуги од автомобилска асистенција и ги покрива трошоците и во Македонија и во цела Европа. Можете да изберете еден од трите понудени пакети: Основен пакет, Плус или Комфорт и безгрижно да тргнете на пат. 

Полисата за осигурување со автомобилска асистенција вклучува различни асистентски услуги и ги покрива трошоците за нивно извршување до сумата на осигурување, без разлика дали се работи за помал дефект на автомобилот, транспорт, проблеми со клучевите, достава на гориво, превоз на осигурените лица, достава на резервни делови во странство, хотелско сместување за осигуреното лице, ангажирање на заменски возач, паричен заем во случај на кражба на пари или документи и др. 

Како функционира автомобилската асистенција во пракса? 

Ако се случи осигурен настан, јавете се на бројот на центарот за помош и, наведете: број на осигурителна полиса, ваш контакт број и број од вашите придружници, локацијата на дефектот, причина за штетата, број на лица во возилото. 

За повици од Македонија:  0800 16 206   

За повици од странство: +389 2511 62 06 

Со стручниот соработник од центарот за помош ќе се договорите околу сите детали – каде ќе се однесе расипаниот автомобил, каде планиравте да одите, кога се враќате и дали ќе ви треба превоз за да го продолжите патувањето. Во центарот за помош, тие ќе договорат поправка кај договорен партнер кој е овластен за областа каде што се наоѓате. 

Со асистенцијата безгрижно тргнете на пат, без разлика дали станува збор за пократка релација или патувањето до вашата посакувана дестинација е 200 километри или повеќе. Затоа што дури и ако нешто непредвидено се случи додека возите, автомобилската асистенција е оддалечена од вас само еден повик, без разлика колку е часот. 

Извор: Vse bo v redu.

TEST BANNER

Ne propustite!

Izbor najnovijih priča i saveta za bezbrižnu svakodnevicu.

Prijava na newsletter

Следете нѐ на