Наместо да го прекинете Вашето осигурување, разгледајте други опции за одржување на Вашето осигурување.
Животот е серија изненадувања и не можеме секогаш да бидеме подготвени за нив. Одредени настани можат да предизвикаат преиспитување на одлуките што внимателно сме ги донеле пред некое време.
Можеби со право се прашувате дали сè уште Ви е потребно животно осигурување или сте принудени да ги намалите месечните трошоци поради неочекувани настани. Една од опциите на кои помислувате е да прекинете со плаќања на премиите за осигурување на живот. Сепак, пред да донесете избрзана одлука, потребно е да утврдите дали таа е исправна.
Предвременото раскинување на животното осигурување значи дека ќе изгубите голем дел од вложените средства.
Одлуката за раскинување на осигурувањето во првите години по склучувањето на осигурувањето е најмалку поволна за осигуреникот, бидејќи откупната вредност се пресметува во согласност со факторите за откуп, чија што вредност се зголемува со изминување на времетраењето на полисата за осигурување.
Колку подолго имате осигурување, толку поголем износ на вложени средства ќе ви бидат исплатени, бидејќи одбитокот што се зема предвид во факторите за откуп се намалува во текот на траење на осигурувањето.
Затоа, само во исклучителни случаи, одлучете се да го искористите правото на исплата на откупната вредност на осигурувањето. Доколку условите за осигурување овозможуваат исплата на аванс, во тие случаи постои оправданост да се одлучите за делумна исплата на откупната вредност, задржувајќи го осигурувањето.
Наместо тоа, искористете ја опцијата за прекин на плаќање на премијата или осигурувањето
Во зависност од конкретното осигурување, најчесто можете да се одлучите за мирување по истекот на втората или третата година од периодот на осигурување, доколку премиите се платени најмалку за две години. Периодот на мирување може да трае најмногу една година.
Правото на мирување повторно можете да го искористите во текот на траење на осигурувањето, под услов да се изминати најмалку две години од претходното мирување и под услов премијата редовно да се плаќа во преодниот период.
За сите осигурителни полиси во периодот на мирување, осигурителната компанија не гарантира исплати од дополнителните осигурувања по полисата. Ако се повредите во текот на мирувањето од дополнителното осигурување од незгода, не можете да побарате никаков надомест.
Животното осигурување е повеќе од осигурување

Сегашната економска состојба наметнува уште поголем интерес за одржување на осигурувањето, бидејќи таквото осигурување нуди сигурност и заштита на најблиските во случај на немил настан, како смрт на осигуреникот.
Дали Вашето семејство во голема мера зависи од вашиот приход? Дали имате кредитни обврски, кои што во случај на Ваша смрт би паднале на товар на Вашите најблиски и уште повеќе би ја отежнале нивната животната ситуација?
Можете да ја земете предвид околноста дека средствата што ги трошите за плаќање на премија за осигурување на живот во овој момент поефикасно би можеле да ги потрошите на друго место и би можеле повторно да склучите осигурување во поповолни околности.
Ако го раскинете осигурувањето, а потоа сакате да склучите ново, премијата се зголемува со возраста.
Со престанок на осигурувањето на живот престануваат и дополнителните осигурувања поврзани со основното осигурување, како на пример незгода, која што им се препорачува на сите. Затоа, запознајте се со условите и опциите за осигурување на живот, што веќе го имате, како би можеле да го одржите.
Бидете внимателни пред да замените едно осигурување со друго
Пред неколку години сте склучиле осигурување на живот, но сега забележавте производ, кој што повеќе би одговарал на Вашите потреби, или тоа Ви го посочил познаник или застапник во осигурување. Што да направите во таков случај ?
Од искуство, Ве советуваме добро да размислите пред да одлучите за раскинување на осигурувањето на живот, за веднаш потоа или пак подоцна да склучите друго. Внимателно проверете дали условите за новото осигурување се навистина поволни.
Исто така, земете ги предвид трошоците и загубата на средства, кои што би настанале при престанок на првото осигурување.
При приемот во новото осигурување Вие ќе бидете постари и Вашата здравствена состојба можеби во меѓувреме ќе се промени. Сето ова влијае на пресметката на новите премии, можните периоди на чекање и периодот на осигурување повторно почнува да тече. Затоа, пред да потпишете нов договор, одвојте доволно време за размислување, побарајте понуда од застапник и внимателно прочитајте ги сите релевантни услови и документација.
Извор: Vse bo v redu.






