Не пропуштајте!

Избор на најновите совети и информации за безбрижно секојдневие.

Сѐ ќе биде во ред  | Triglav.mk

Како да осигурите постаро возило?

До која старост на возилото има смисла да се склучи каско осигурување?

Дури и ако вашиот автомобил по многу години изгледа како нов, постојано сте изложени на опасности на патот. Затоа, внимателното разгледување на цената на осигурувањето во споредба со можните трошоци во случај на штета е секогаш корисно. Покрај задолжителното осигурување од автоoдговорност, проверете кои други осигурувања се препорачливи.

  • Осигурувањето од автомобилска одговорност (АО) покрива само штети нанесени на други учесници во сообраќајна несреќа. Ако вие сте виновни за несреќата, трошоците за поправка на вашето возило ќе мора сами да ги покриете.
  • На стикерот на вашето возило пишува дека превезувате „принц“, па би било добро да се осигурате дека и вашиот наследник е добро заштитен. Затоа, осигурете ги возачот и патниците во возилото од автомобилска незгода со дополнително осигурување.
  • Не заборавајте на нашата автомобилска асистенција. Ако излезете од дома и вашиот автомобил се расипе по пат, а никој не ви одговара на мобилниот затоа што звоните во три часот наутро, ние сме достапни 24 часа за да ви помогнеме. Некои ситуации едноставно не можат да се предвидат.
  • Каско осигурување – На ова прашање не можеме да ви дадеме директен одговор. Вистина е дека возилото со секоја измината година ја губи својата вредност, но трошоците за поправки остануваат исто толку високи.

Ве советуваме староста на возилото и неговата вредност, да не бидат единствени фактори, при изборот на соодветно осигурување. Размислете и за тоа колку време поминувате во автомобилот и колку километри возите. Колку подолго сте на пат, особено во поголеми градови, толку е поголема веројатноста за несреќа. Исто така, важно е дали имате гаража и не мора секојдневно да се борите за паркинг место на пренатрупан паркинг. Ако одговорот е да, вашето возило не е изложено на природни непогоди и оштетувања во текот на целиот ден, а исто така е и помалку изложено на кражба.

Обавезно одвојте време и одберете осигурување кое најмногу одговара за вашето возило. На располагање ви е и вашиот застапник на Триглав, кого секогаш можете да го контактирате за помош.

Извор: Vse bo v redu.

TEST BANNER

Ne propustite!

Izbor najnovijih priča i saveta za bezbrižnu svakodnevicu.

Prijava na newsletter

Следете нѐ на