Не пропуштајте!

Избор на најновите совети и информации за безбрижно секојдневие.

Сѐ ќе биде во ред  | Triglav.mk

Осигурување од суша

Земјоделското производство сѐ повеќе е под влијание на климатските промени, а во последните години нашата земја е погодена од големи суши, кои што имаат последици за земјоделските култури и овошките.

Како да се осигурите од суша?

Според експертите, високите температури предизвикани од глобалното затоплување се причина за зголемен број на сушни денови и тропски ноќи, што многу влијае на земјоделските култури и вегетацијата, а со тоа и на целата земјоделска дејност.

Сушата претставува еден од најголемите земјоделски ризици што можат значително да ги намалaт приносите.

Бидејќи сушата е една од најголемите закани за земјоделските култури во нашата земја, ние обезбедуваме осигурување од ризикот од суша за:

  • пченка
  • соја
  • сончоглед и
  • шеќерна репка

Цената на осигурувањето од суша е утврдена да биде прифатлива за сите земјоделски производители. Исплатата на премијата за осигурување од ризик од суша е олеснета со субвенциите што ги дава државата.

Регистрираните фарми имаат право на субвенции во согласност со правилата и прописите издадени од министерство за земјоделство.

Статистички гледано, на нашиот пазар, штетите врз посевите и плодовите се зголемуваат од година во година и се јавуваат како резултат на повеќе различни причини. Ризиците кои доминираат кај нашите агроеколошки култури и предизвикуваат најголеми штети на посевите се првенствено град и суша, а покрај нив многу често се случуваат и пожари пред или за време на бербата на земјоделските култури.

Триглав Осигурување продолжува со развој на производи и услуги од областа на земјоделието, наменети за сите учесници во земјоделскиот ланец, слушајќи ги потребите на своите клиенти, но и на сите учесници на пазарот. Како што секоја земјоделска фарма со своето производство е специфична сама по себе, така и експертите на Триглав Осигурување стојат на располагање да обезбедат целосна поддршка на секој клиент, врз основа на неговите уникатни карактеристики и потреби.

TEST BANNER

Ne propustite!

Izbor najnovijih priča i saveta za bezbrižnu svakodnevicu.

Prijava na newsletter

Следете нѐ на