Многумина од нас веќе скроија планови за ова лето, каде ќе се одмориме од напорните работни денови и каде ќе собираме сила да продолжиме понатаму. Многу од нас ќе уживаат на плажа. Како осигурителна компанија, секако не можеме, а да не ве потсетиме да си обезбедите соодветно осигурување. Но, знаеме дека во моментов најмногу ве загрижува како да се подготвите за деновите поминати во костимите за капење, затоа пред да влезете во вода ви препорачуваме да ги прочитате овие неколку совети:
- Водата може да биде премногу ладнa или премногу топлa. За премногу ладна вода разговараме кога нејзината температура е 15 целзиусови степени или помалку, а за премногу топла, кога температурата на водата изнесува 34 целзиусови степени или повеќе. Затоа, ви советуваме да влегувате во водата полека, со цел телото полека да се навикнува на температурата;
- Ако водата е загадена, односно морето е разбранувано, има дамки од нафта, или слично, избегнувајте да влезете во вода токму во тој момент, за да избегнете проблеми со алергии, габични инфекции, па дури и труење;
- Пред да влезете во морето, бидете сигурни дека состојбата на морето е соодветна на вашата вештина како пливач. Не ги потценувајте временските фактори, што влијаат на разбранување на морето и појава на дополнителни струи. Силниот јужен ветер влијае на појавата на високи бранови, кои што кај необучени пливачи можат да предизвикаат дезориентација, конфузија и следствено на тоа прекумерен замор;
- Пред да влезете во вода, без разлика дали е полека или со скок во морето, задолжително проверете ја длабочината, како и морското дно. Претежно, непрофесионалните пливачи при скок во вода не користат заштитна кацига за главата или останати заштитни средства, па како заштита за вашата глава ве советуваме при скок на глава, скокајте со испружена рака над главата.
