Кога станува збор за патувањата, сите ние сме многу различни. Додека некој размислува за семејно патување и локација совршена за одмор и релаксација, друг сака да се забавува, а трет да ужива во одличната храна.
Направивме мало истражување и во продолжение ви нудиме неколку препораки која дестинација да ја посетите, согласно вашите преференци за патување:
1. Каде e најдобрата храна?
- Хрватска – само помислете на вкусната, свежа риба, која што се служи по крајбрежните ресторани,
- Италија – одлично кафе, тестенини и чаша вино,
- Белгија – утринските часови започнете ги со вафли и кроасани обложени со чоколадо, а потоа продолжете со добро пиво и помфрит за ручек.
2. Каде би биле најсреќни доколку возите велосипед?
- Ирска – и покрај можните врнежи од дожд, Ирска е земја идеална за сите видови на велосипедизам,
- Француските Алпи – идеални, ако сакате да искусите дел од патеката на Тур де Франс, но не заборавајте дека за тоа треба да сте добро подготвени,
- Прованса – сè што велосипедистот сака: добри временски услови, прекрасни пејсажи и празни патишта.
3. Каде се наоѓаат најдобрите забавни паркови?
- “Disneyland”, Париз – сите, и млади и стари, имаат можност да се дружат со ликовите од популарните цртани филмови и да уживаат во ден исполнет со забава,
- “Europa-Park”, Германија – одлична забава за целото семејство и локација, каде што можете да го пробате најстрмниот тобоган во Европа,
- “Efteling”, Холандија – алтернатива на Дизниленд, паркот на фантазијата, во кој што ќе најдете бајковидна шума.
4. За сите љубители на историјата:
- Рим – веројатно нема потреба од вовед, како што историчарите велат, Рим треба само да се види во живо.
- Атина – Старите Грци, колевка на цивилизацијата, многу древни локалитети – сонот на секој љубител на историјата.
- Прага – град како од бајка, готска убавина и средновековен шарм, правата историја се рефлектира преку прекрасната архитектура и прекрасните улици.
5. Каде се најубавите национални паркови?
- “Dartmoor“, Англија – пејсаж полн со осамени мочуришта, гранитни ридови и мистериозни камени кругови,
- “Plitvice”, Хрватска – 16 прекрасни езера, 50 милји патеки низ водопади, парк што навистина вреди да се посети,
- “Abruzzo”, Италија – планинска дивина, дом на загрозената Апенинска кафеава мечка, див рис, Апенинските волци и кралските орли.
Која и дестинација да ја посетите, бидете безгрижни и сигурни и обезбедете си полиса за здравствено – патничко осигурување од Триглав онлајн .

Извор: Vse bo v redu
- Извор: http://www.budgettravel.com/slideshow/budget-travel-editors-food-travel-advice,8765/
- Извор: http://www.theguardian.com/travel/2008/jul/28/cyclingholidays.europe
- Извор: http://www.puretravel.com/blog/2013/05/30/top-ten-theme-parks-in-europe/
- Извор: http://www.tripadvisor.com/Inspiration-g4-c3-Europe.html