Во ваков случај ви препорачуваме:
1. Првo, со вашиот мобилен телефон фотографирајте го возилото, непосредно по случување на сообраќајната незгода,
2. Пополнете Европски извештај за незгодата и разменете информации со другите учесници во незгодата,
3. Доколку возилото е во возна состојба, отстранете го од патот со цел да не се попречува одвивањето на сообраќајот,
4. Доколку се работи за сообраќајна незгода, за која што според законските прописи сте должни да повикате полиција, известете го Органот за внатрешни работи, не ги поместувајте возилата и почекајте ги претставниците на Министерството за внатрешни работи, надлежни за вршење на увид,
5. Се препорачува, доколку сте во можност, уште веднаш или најдоцна во рок од три дена од незгодата да ја пријавите штетата во осигурителната компанија,
6. Често постои дилема дали да се јавите во полиција или не. Во споменатите случаи подолу, потребно е да ја известите полицијата:
- кога во сообраќајната незгода има повредено или загинато лице;
- ако некој од учесниците одбива да ги даде своите лични податоци и податоците за возилото;
- ако некој од учесниците го напушти местото на сообраќајна незгода;
- ако некој од учесниците го управувал возилото под влијание на алкохол, дрога, или други психотропни супстанци;
- ако некој од учесниците го управувал возилото без возачка дозвола;
- ако некое од возилата нема осигурување или нема регистарска таблица;
- ако некое од возилата има странска регистарска ознака.
Во секој случај, наш совет е да возите внимателно и да ги почитувате сообраќајните правила, како би го намалиле ризикот и од најмала сообраќајна незгода.
Секако, не заборавајте на осигурувањето, затоа што ќе ви помогне токму кога имате потреба од помош и се соочувате со непланирани трошоци.
